• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
стилска листа 0

Марија Трајанова @FWSK: Елеганција инспирирана од Бонд-девојките

Од Ана Несторовска · На март 30, 2017

marija-trajanova-3

По успешната презентација со колекцијата Million Voices минатата сезона, Марија Трајанова ќе ја одржи својата втора самостојна ревија на 15-тото издание на Моден викенд-Скопје. Младата креаторка која работи под својот бренд наречен „Марсин“, го пополни модниот прашалник на stylist.mk непосредно пред промоцијата на колекцијата за пролет-лето 2017, каде открива детали за новата линија, за обуката во „Кариера Плус“ и за својата модна приказна.

*Новата колекција е именувана… Bond Lady.

* Промоцијата на новата колекција ќе биде … На 1 април (сабота) во 21.30 часот  во салонот „Порше Македонија“ во рамки на Моден викенд- Скопје.

* Инспирација за колекција ми беше... Бонд-девојките, како препознатливи, мистеризни и фатални дами, а се неизбежни во секој филм за тајниот агент 007. Исто како самиот Џејмс Бонд, кој секогаш остава впечаток на надмоќ и безвременска модна икона, така и девојките од тие филмови секогаш го следат модерниот моден стил кои плени со екстравагантност и има мисија да  претстави гламурозна, убава и паметна жена. Овие карактеристики најпрецизно ја потикнуваат мојата инспирација за ова колекција. Сите парчиња се со намена да ги спојат современото и безвременското во една креација.

* Застапени се … 16 креации во кои доминираат елегантни комбинизони, коктел фустани, блејзери и кратки здолништа.

*Оваа сезона се одлучив за... Смаргадно зелената, сината, црвената, црната и белата боја. Од материјалите главно се користени свилен сатен и жоржет, а за некои парчиња е користен штоф и жарсе.

*Креациите се наменет … За секоја дама и девојка која истовремено е елегантна и практична во модата, а пред сè го цени квалитетот на материјалите и добрата изработка.

*По Моден викенд-Скопје креациите можат да се набават … Во моето ателје во ТЦ „Беверли Хилс“, Скопје.

* Претходното учество за Моден викенд  за мене беше… Едно големо искуство кое ми помогна да навлезам многу подобро во модниот свет.

 

marija-trajanova-2

* Мојата модна приказна почна… Модата и автентичниот стил отсекогаш ми биле предмет на интерес. Во потрага по совршеното парче кое најдобро ми прилега и одговара на моето тело, почнав сама да ја дизајнирам сопствената гардероба. Првите чекори во модниот свет ги направив пред две години кога запишав курсеви по моделирање и моден дизајн. За време на курсот мојот интерес за модата и модниот дизајн уште повеке се зголеми. По завршувањето одлучив да продолжам и официјално да се занимавам со оваа професија

*Најважни досегашни професионални ангажмани и искуства со модниот дизајн ми се… Досега сум имала две индивидуални претставувања, првото претставување ми беше колекција од дванаесет креации кои беа испрезентирани со фотосесија. Второто а воедно и главно претставување беше на Модниот викенд во Скопје есен-зима 2016/17 каде промовирав колекција од деветнаесет креации. Дополнително на тоа неодамна имав две соработки со модни блогери.

*Моето модно образование го завршив во… Центарот за креативни курсеви „Кариера плус“ каде што ги изучив техниките за моделирање, кроење и шиење во два степени и третиот степен за моден дизајн .

*Препознатлива сум по… Чистите кроеви, користењето на материјали со животински принт, креациите кои го нагласуваат струкот, а секогаш се застапени и долгите елеци.

* Моја инспирација и идол се… Инспирација ми се модели кои ја следат линијата на телото и ја истакнуваат женската фигура, за жената да се чуствува елегантно со софистициран сексапил. Немам типичен моден идол, а од познатите модни креатори се восхитувам на Коко Шанел.

* Моето ателје се наоѓа … Во трговскиот центар „Беверли Хилс“, на втори кат, во Скопје.

Џејмс БондБонд-девојкиМарија ТрајановаМоден викекд-Скопје
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 стилска листа

    СТИЛСКА СРЕДА: Седум win win стајлинзи

  • pernil (3) стилска листа

    Учиме скандинавски стил преку четири модни комбинации на Пернил Теjсбек

  • 1 стилска листа

    Пет јакни што треба секоја жена да ги има во гардеробата

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021
  • 1

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

    јануари 14, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • gucci

    Дизајнерски чанти што ќе бидат хит за 2021

    јануари 13, 2021
  • 1

    Мода во портокалова боја за енергичен старт на годината

    јануари 13, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021
  • pariche-702x336

    Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics