• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Маријан Салзман ги открива трендовите за 2022 година

Од stylist @StylistMKD · На декември 10, 2021

Marian_Salzman_portrait_21

Една од најуспешните жени во светот на маркетингот, Маријан Салзман претстави 22 тренда за следната година

Потпретседателката на одделот за глобални комуникации во тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнл, Маријан Салзман, која е една од најпознатите „трендсетерки“ во светот ги сподели своите видувања за новите трендови кои ќе обликуваат како ќе се одвиваат работите во 2022 година и понатаму.Салзман е авторка и коавторка на дури 17 книги, повеќекратно наградувана ПР експертка и активистка која се залага за правата на жените.

На онлајн медиа вебинарот, Салзман на новинарите им презентираше 22 тренда за претстојната 2022 година. Како што наведе, таа го избрала тој број бидејќи во нумерологијата 22 се смета за „мастер број“. Некои дури го сметаат за најважен. Се смета дека е моќен број, но не мора да биде среќен.

Што се однесува конкретно на следната година, Салзман посочи дека се случиле позитивни промени на микро план, но дека и натаму се соочуваме со дезинформации, теории на завера и се уште се бориме со Ковид-19.

Владеење на хаосот

Со оглед на изборот, поголем дел од луѓето претпочитаат да се чувствуваат дека имаат контрола, дури и акоконтролата е илузорна. За повеќето луѓе, животот и светот следната година ќе станат покомплексни и похаотични, така што ќе треба повторно да ги калибрираме нашите очекувања. Треба да прифатиме дека комплексноста е норма, да ја прифатиме онолку колку што можеме и да најдеме големи и малиначинида се врземе и да внесеме точки на смиреност и јаснотија.

Marian_Salzman_portrait_49c

Анксиозноста е новото нормално

Анксиозноста нема да исчезне. Генерацијата што расте под темното небо на климатските промени, Ковид-19 и неизвесните до мрачни економски изгледи не гледа кон иднина исполнета со ветувања и просперитет. За разлика од своите родители, баби и дедовци, тие не очекуваат дека нивните животи да бидат подобри од оние на генерацијата пред нив. За многумина, тоа остава

две опции: борба за радикални колективни промени или подигнување на подвижен мост и барањето на број еден (било поединечно или со поддршка на националистичка и нативистичка политика). 

Грижа за менталното здравје

„Се поголем број компании го сфаќаат значењето на терминот „Minding Your Mind“, кога станува збор за нивните вработени. Можеме да се преправаме дека менталните проблеми не постојат, но тие ги погодуваат луѓето“ вели Салзман, која додава дека светот е генерално помудар во однос на менталните проблеми со кои се соочуваат луѓето. Работилниците за зголемување на самодовербата можат да бидат еден од начините за борба против анксиозноста. Нагласува и дека треба да се прави разлика меѓу помалку и повеќе флексибилните работни места, бидејќи „донесувањето компромиси во работата може да влијае на подобро чувство кај вработените“.

Хибридниот модел на работа е тука да остане

Салзман истакна дека во 2022. година многу луѓе и натаму ќе пробуваат да сфатат што сакаат од работата, а компаниите ќе се борат да понудат вистинска комбинација од она што го бараат од работниците и од она што можат да им го понудат како придобивки. Според неа, работата на далечина и хибридната работа и натаму ќе бидат дел од новата корпоративна флексибилност.

„Хибридниот модел на работа е тука да остане. Ако вашиот работодавец тоа не ви го овозможи, ќе најдете некој друг. На пример, ќе стане нормално да имате виртуелна посета на доктор. Кога станува збор за работните места на иднината, ќе има се поголема потреба од работници во здравствениот систем и новите верзии на болници, а ќе се бараат и повеќе образовни кадри“. Додава и дека ќе биде приоритетно да се креираат портфолија, за понатамошно подобро котирање во иднина.

Marian_Salzman_portrait_60

Нови технологии и метаверзум

Таканаречените кохезивни агенти ќе бидат актуелна професија следната година, а нивната улога во новиот свет е да им помагаат на организациите и вработените да се усогласат со хибридната работа. Новите технологии ќе бидат мејнстриум, а тоа се Zoom, виртуелната реалност, криптовалути, вештачка интелигенција.

Една од најуспшените жени во светот на маркетингот се осврна и на се почесто споменуваниот метаверзум, за кој многумина сметаат дека е нашата иднина. Салзман нагласи дека луѓето ќе сакаат повеќе да остануваат дома и оттаму да прават се што можат.Според неа, виртуелната реалност се огледа и во 3Д печатењето и иновациите кои би можеле да ги решат актуелните проблеми, а кои се однесуваат на тесните грла во синџирите за снабдување и барањата за физичка стока. Секако, виртуелното има уште многу простор за напредок.

Позелени простори 

Некои од трендовите во 2022 година се и прашањата поврзани со „позелени простори“, грижата за водата и ресурсите, помалото загадување и автомобилите на улиците, како и подобрување на инфраструктурата (патишта, мостови, железници). Секако, во фокусот останува прашањето за климатските промени, односно глобалното затоплување.

„Сите сме во истата бура, но не во истиот чамец“, вели Салзман, алудирајќи на тоа дека јавноста треба да биде помалку толерантна кон нееднаквоста која и натаму е прилично изразена. Сепак, останува прашањето во кој правец оди решавањето на нееднаквоста, бидејќи жените, посебно мажените со деца, бea првите кои ги напуштаа работните места во текот на пандемијата, за да грижат за домот. Салзман посебно се осврна на жените од „првата линија на фронтот“ во борба против Ковид-19, наведувајќи дека пандемијата не ги погодила само нивните тела, туку и нивниот дух.

Менување на свеста 

„Сонот е новиот секс. Некогаш следев вести 20 часа неделно, а сега тоа го правам само четири часа“, вели Маријан, додавајќи дека пандемијата донела позитивни промени во смисла дека луѓето сега повеќе се врзани за семејствотот, домот и повеќе водат сметка за здравјето.

Она што секако е негативна промена е физичката дистанца на која се инсистира, иако Салзман констатира дека новата реалност, можеби повеќе треба да ја набљудуваме како поинаква, а не како нужно негативна. „Ќе станеме порационални и поаналитични“, додава таа. Позитивен тренд е што се повеќе луѓе се свртуваат кон природата, читањето, музиката и се она што им го намалува стресот предизвикан од ковид-кризата. „Она што ни е потребно е помалку да се осудуваме едни со други. Луѓето сега се поплашливи и од тоа произлегува говорот на омраза“, истакна потпретседателката за глобални комуникации во Филип Морис, Маријан Салзман.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • beam (3) животен стил со...

    Прогласени најдобрите настани на првиот БЕАМ Фестивал

  • 1 kids expo животен стил со...

    КИД ЕКСПО – Првиот саем за деца кај нас на 8 и 9 април во Александар Палас

  • Lukoil животен стил со...

    IQOS отсега достапен и на бензинските станици на Лукоил

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • paco rabanne

    Пако Рабан 1934-2023: Почина познатиот моден дизајнер и мајстор на футуристичка мода

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • ikiverse

    IKIVERSE на Искра Џокиќ Кецап – прва дигитална модна ревија на Моден викенд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 tatjana janusheva

    Татјана Јанушева со кампања на Stradivarius

    март 31, 2023
  • cherry-cola-tiktok

    Оваа боја на коса е тренд на ТикТок, се очекува да биде голем тренд за пролет 2023

    март 30, 2023
  • 1

    Плетените и трикотажните фустани идеални за овој преоден период

    март 30, 2023
  • beam (3)

    Прогласени најдобрите настани на првиот БЕАМ Фестивал

    март 29, 2023
  • 0 ludus

    Нова колекција на „Лудус“ од серијата „Пост-родовост“

    март 29, 2023

Убавина

  • cherry-cola-tiktok

    Оваа боја на коса е тренд на ТикТок, се очекува да биде голем тренд за пролет 2023

    март 30, 2023
  • carousel_5

    Што е дехидрирана кожа и како да се изберат најдобрите продукти

    март 20, 2023
  • 6

    The Body Shop, брендот што носи промени, пристигна во Македонија

    март 2, 2023
  • HF refill 2

    Eucerin користи 90% помалку пластика со новите пакувања на производите Hyaluron-Filler

    февруари 24, 2023
  • eucerin

    Уреа, ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа

    февруари 8, 2023

Живот

  • beam (3)

    Прогласени најдобрите настани на првиот БЕАМ Фестивал

    март 29, 2023
  • 1 kids expo

    КИД ЕКСПО – Првиот саем за деца кај нас на 8 и 9 април во Александар Палас

    март 28, 2023
  • САЕМ НА МЕБЕЛ 2023

    Саем на мебел од 29 март ќе понуди богата понуда и попусти за утредување на домот

    март 20, 2023
  • Lukoil

    IQOS отсега достапен и на бензинските станици на Лукоил

    март 11, 2023
  • IMG-1aa5b509990c7cdd7e89e653681204a9-V

    AVON со нова донација и силна поддршка во борбата за спречување насилство врз жените

    март 9, 2023

Култура

  • rezerva princ hari

    „Арс Ламина“ ја објави автобиографијата на принцот Хари – „Резерва“

    март 23, 2023
  • msu viena

    Дела од вредната колекција на МСУ-Скопје на голема изложба во Кунстхале Виена

    март 22, 2023
  • Рапсодија 26

    Целовечерно музичко патување со младата вокалистка Натали Зарин во „Станица 26“

    март 22, 2023
  • d2f5c0c7-ef0d-3048-6bcc-7f967f56ff6a

    Македонскиот филм „Преекспонирано“ ќе се натпреварува на филмски фестивал во Катанија, Италија

    март 15, 2023
  • Print

    Вечерва во МСУ – Скопје се отвора изложбата „Пејзаж на вознемиреност“

    март 9, 2023

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics