• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
кариера 0

Марина Цигарида: AVON ме направи вистински професионалец за менаџмент

Од stylist @StylistMKD · На декември 7, 2015

Marina Cigarida (2)

Марина Цигарида (37) од Битола во изминатите десет години ги поминала сите скалила во AVON додека стигнала до нејзината денешна позиција – Регионален менаџер за продажба на Зоната 6 која го опфаќа Југозападниот дел на Македонија во која влегуваат Битола, Охрид, Струга, Ресен, Демир Хисар, Кичево, Македонски Брод и сите околни села што припаѓаат на овие општини. Почнувајќи од лојален клиент на компанијата, па Претставник, Лидер на група и после четири години успешна работа добила можност да напредува во уникатната позиција што ја има секоја зона. Во моментов регионот за кој таа е одговорна брои околу 1.700 Претставници, со тенденција до крајот на 2015 година да стане најголема зона со најмалку 2.000 Претставници. Матичната професија на Цигарида е стоматолог, дејност која воопшто не кореспондира со нејзината сегашна преокупација.

Зошто избравте да ја градите кариерата во AVON?

- Во денешно време постои девиза која вели дека ако успеете во продажба, ќе успеете во која било друга бизнис-категорија. Веројатно тоа е така бидејќи „продажбата“ како техника не подрзабира само продажба на материјален производ,  туку и продажба на идеја со помош на дополнителните алатки како што се презентација и демонстрација. На мојот развој во AVON претходеа сите позиционирани алки.

Што точно претставува позицијата „Регионален менаџер“ и колку Ве исполнува таа работа?

-Пред сѐ, Регионален менаџер на продажба е многу обемна и одговорна позиција. Понекогаш се случува да треба да покривате неколку сегменти одеднаш –организација на човечки ресурси, приоретизирање на задачите и обврските на вашиот тим, комуникација, презентација, маркетинг, ПР, тренирање и обучување на тимот, регрутирање нови луѓе и сето тоа мора да е проследено со редовно следење и контрола на постигнатите резултати. Со оглед на тоа дека „содржината“ на позицијата е многу разновидна, можам само да потврдам дека бескрајно уживам во мојата работа и таа ми е секојдневен предизвик. Да бидам искрена, во моментов не можам ни да замислам да работам нешто друго.

Со оглед на тоа дека сте многу зафатена со работните обврски, Ви останува ли слободно време? Како го поминувате?

- Со оглед на тоа дека работната недела на Регионалниот менаџер е солидно покриена со „богат“ календар и распоред на обврски, се обидувам викендите да ги искористам за себе, за дружење со сестра ми и со пријателите. Страстен љубител сум на музика, така што се случува во недела најчесто да „заглавам“со часови на „Јутјуб“ пребарувајќи нови акорди кои им годат на моето уво и на мојата душа. Оние што ме знаат добро, дури и моите колеги на работа, слушалките на уши ги доживуваат како составен дел на мојата појава. Не знам дали оправдано можам да го наречам хоби, но дефинитивно посетувањето големи концерти, музички случувања, свирки и забави за кои би отпатувала и надвор од Македонија ме прават многу среќна и ме враќаат во живот. Сакам сѐ што е убаво според естетиката на моето око, како следење на сите нови креативни решенија во уредувањето ентериери, тенденции во полето на дизајнерска мода или сѐ што е врзано за уникатна креација.

Marina Cigarida (1)

Како правите рамнотежа меѓу професионалните и личните обврски?

- Ова е трик прашање (се смее). Секогаш тежнееме кон рамнотежа и пропорција, иако динамиката на мојата работа понекогаш знае да надвладее и да преземе дел од времето кое било планирано за најблиските, за семејството. Знам само дека  непосредно по завршувањето на секоја кампања, задолжително си дозволувам барем еден слободен ден кој најчесто го минувам со родителите, сестра ми и нејзиниот сопруг или баба ми, во опуштено дружењесо домашно зготвена храна и муабети кои ќе ми го надополнат она што сум го пропуштила додека ми траелакампањата за AVON.

Зошто почнавте да соработувате со AVON?

- Денешната општествена рамка е малку контрадикторна со оглед на тоа дека не дава можност секој да гради кариера во полето на матичната професија за која си се образувал. За среќа, јас имав можност да работам и како стоматолог во семејниот бизнис на моите тетин и тетка, но тоа не кореспондираше со тоа како се доживував професионално и околу идејата за мојот потенцијал кој претчувствував дека многу повеќе ќе можам да го развијам и етаблирам доколку целосно се преориентирам во она што денес го работам. Одлуката да станам дел од тимот на AVON, првично како Лидер, ја донесов со поддршка од мојот тогашен Регионален менаџер кој упорно ме канеше на сите средби за можности и тврдеше дека имам голем потенцијал и талент кој треба да го развивам. Затоа, би сакала да упатам јавен апел до сите наши Претставници, а и оние кои сѐ уште немаат никаква врска со AVON – да ги посетат нашите презентации за можности и да слушнат што ние нудиме како професионална платформа и рамка за развој на кариера, секако наградено со одлична заработувачка.

Што ве мотивира денес во работата со AVON?

- Она што секојдневно ме мотивира не е само личниот успех, добрата заработувачка и напредокот во кариерата, туку и можноста да детектирам нови луѓе, таленти, на кои ќе им помогнам да си го најдат своето место во нашиот тим преку нивно обучување и развивање. Освен индивидуалиот напредок и резултат, за мене голема предност е можноста да работам со тим кој е составен од најразлични професионални профили почнувајќи од лекари, инженери, психолози, просветни работници, уметници. Никогаш не пропуштам да споменам, затоа што хуманитарната страна на AVON комплетно кореспондира со мојот профил, е дека моментот на кој особено сум горда е титулата што ја добив во јануари 2015 година -  „Амбасадор на хуманоста на AVON” заради моите особени истакнувања во борбата против ракот на дојка преку продажба на нашите производи со „розова панделка“.

Како влијае врз Вас фактот дека имате сопствена фирма?

- Генерира однесување на самодоверба, контрола, успех, секако проследено со голема одговорност. Мислам дека никогаш не би се откажала од идејата да бидам и да работам како „сам свој шеф“.

На кој начин компанијата Ви помага во развивањето на сопствениот бизнис?

- Како што прилега на најдобрата и најголемата компанија за директна продажба во светот, поткрепено со постојани иновации во начинот како да ја одржи мотивацијата на највисоко ниво преку поддршка со најсовремени материјали за работа. Но, пред сѐ,преку постојано вложување во тренинзи и обуки кои од нас прават вистински професионалци во менаџирање, не само на бизнисот, туку и во квалитетно и рационално менаџирање на времето и ресурсите.

Колку Вашиот тим го следи Вашиот пример?

- Мојот пример е загарантирана формула за секој од мојот тим кој сака да напредува и да гради сопствен бизнис. Дел од големите позиции во тимот, како Бизнис менаџери и Сениор менаџери, работењето во AVON го третираат како сериозна професија од која одлично заработуваат и ја планираат долгорочно. Тоа што сум горда на постигнувањата на моите соработници е само верификација дека сум успеала да ги мотивирам и инспирирам со мојата приказна во AVON.  

Како Ве доживуваат луѓето од вашиот тим, а како Ве доживуваат Вашите пријатели и семејството?

- Луѓето од мојот тим сметам дека ме доживуваат доволно професионално за да можат и соодветно да одговорат на задачите кои им ги поставувам и ги очекувам од нив. Исто така ме доживуваат доволно блиска како „надреден“ соработник за да можат секогаш и прво мене да ми се обратат за секој проблем во нашата работа. Тоа не значи дека нашата релација е строго професионална, затоа што после долгогодишно соработување нормално е со дел од нив да се развијат и пријателски односи кои си ги негуваме надвор од канцеларија или на тим-билдинг средбите кои редовно ги организираме. Што се однесува до пријателите, семејството и опкружувањето, за нив секогаш ќе останам истата Марина – максимално посветена на негување на пријателски врски, убава енергија, синтеза од милион интереси, но најпрецизно – како некој кој ги остварува своите цели, но честопати со цел да ги усреќи и најсаканите.

Какви награди и бонуси сте добиле досега во AVON? Колкава е најголемата заработена сума досега?

- Сум добила премногу награди и бонуси. Честопати велам дека ќе треба да си направам канцеларија со шест ѕидови за да може да ги закачам сите признанија и дипломи кои ми биле доделени за различни постигнувања и параметри. Најголемата сума која сум ја добила е фасцинантна дури и од сегашна дистанца, дури паметам дека не знаев кому да се пофалам за да не ме сфатат погрешно. Ја споделив со мојата мајка, кажувајќи ѝ дека за една кампања, односно за три недели, успеав да заработам повеќе од нејзините годишни примања. Иако не сум воспитана да вреднувам според материјалното, знам дека ја направив мајка ми многу горда и конечно ѝ беше јасно дека сум наградена за секој екстра вложен ангажман и труд.

Marina Cigarida (3)

Што сакате да постигнете во AVON? Кон што се стремите?

- Сакам да постигнам уште поголем развој на Зоната поткрепен со нови Претставници што ќе ни се придружат и со нови Лидери кои ќе успееме да ги анимираме и инспирираме долгорочно да се гледаат како дел од AVON, одлично да заработуваат и да напредуваат во титули. Всушност, се стремам да ја применам формулата за стабилен бизнис, што подрзбира постојана динамика на нови луѓе кои својот успех ќе го постигнат токму со нас и ќе останат со нас.

Која е Вашата главна стратегија за зголемување на тимот на Претставници и заработувачка?

- Главната стратегија е детектирање на потенцијали и таленти за овој вид на бизнис, преку нивно постојано обучување, развивање и мотивирање за да постигнат повисоки титули, а со тоа континуирано да ја зголемуваат заработувачката. Она по што е познат нашиот бизнис е дека кај нас имате можност за неограничена заработувачка, а со флексибилно работно време. Сакам да ги најдам тие луѓе кои ова ќе го сфатат како предност и ќе го зграпчат како идеја.

На кој момент во AVON најмногу се гордеете и зошто?

- Во првата година кога станав Регионален менаџер мојата зона беше избрана за најдобра во Македонија според сите валидни параметри кои го квалификуваат нашиот бизнис. Како награда добив патување во Хонг Конг на кое беа сите најдобри Регионални менаџери од Југоисточна Европа, развив прекрасни пријателства и професионални врски и искуства. Секако, морам да го споменам и моментот кога бев назначена за „Амбасадор на хуманост“ на AVON во борбата против рак на дојка, затоа што тоа за мене е голема привилегија и признание, од името на мојата компанија и со личен влог да се борам за здравјето на жените.

Што планирате да правите во следните три години, односно дали и понатаму се гледате на оваа позиција во AVON?

- Апсолутно се гледам во мојата компанија и подолгорочно. Досегашните позитивни професионални искуства и постигнувања само ми потврдуваат дека се пронајдов овде и планирам да останам сѐ додека ме сметаат за добар профил на лојален и посветен соработник кој одговара на обврските и постигнува резултати, го мотивира и инспирира својот тим. Не е исклучена можноста за развој и напредок во кариерата, се вреднува секој успех, така што ова е дополнителна мотивација и двигател.

AVONАвонкариераМарина Цигаридаменаџментуспешна жена„Авон Македонија“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Nagrada za Women in Tech Macedonia 2 кариера

    Доделена награда за најголем импакт во едукација на Women in Tech Macedonia на глобалниот самит во Париз

  • E_Commerce_Conference_2021-300 (1) кариера

    Што научивме од 4-та годишна конференција за е-трговија?

  • PR sold out кариера

    Огромен интерес за претстојната Четврта конференција за е-трговија во Македонија

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • H&M

    Модниот бренд H&M конечно во Македонија – летово се отвора првата продавница во Скопје

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ???????????????????????????

    SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2022: Јавен повик за избор на предлог концепти во рамки на Фестивалот на светлината

    јуни 30, 2022
  • 1

    Памучна маица без ракави – од долна облека до тренди модно парче

    јуни 29, 2022
  • 1

    Подгответе се за летни авантури со креациите на Parfois

    јуни 29, 2022
  • fws

    Моден викенд сезонава со фокус на студентите и дипломците по моден дизајн

    јуни 27, 2022
  • hristijan mladenovski (4)

    Колекцијата „Во цут“ на Христијан Младеновски инспирирана од ренесансни мотиви и уметност

    јуни 25, 2022

Убавина

  • 1 (8)

    Шведскиот beauty-tech бренд FOREO достапен на продажните места во Neptun

    јуни 16, 2022
  • spf

    Грешки што не треба да ги правиме при употреба на креми со заштитен фактор

    јуни 8, 2022
  • 60197676_2455248107820681_5289026189485146112_n

    Видео туторијали: Бронзена и сјајна шминка за ултимативен летен изглед

    јуни 8, 2022
  • celulit 1

    Брзински план против целулитот

    јуни 6, 2022
  • neon french

    #NeonFrench – Пролетен француски маникир со флуоресцентни врвови

    мај 28, 2022

Живот

  • Watermelon-margarita

    Watermelon Magrarita – розова и освежителна верзија на познатиот коктел

    јуни 22, 2022
  • almond-milk.jpg

    Како да направите бадемово млеко

    јуни 16, 2022
  • design icons stylist

    Design Icons: Изложба на култни дизајнерски парчиња мебел од иконите на модернизмот во салоните на „Смарт ливинг“ и „Каре“

    јуни 2, 2022
  • Денови на хуманост-1

    Од денеска до петок „Денови на хуманост“ за помош на бeгалците од Украина во Мош бар

    мај 25, 2022
  • 1

    Овални и заоблени каучи – ретро тренд на мебел што се врати во мода

    мај 25, 2022

Култура

  • ???????????????????????????

    SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2022: Јавен повик за избор на предлог концепти во рамки на Фестивалот на светлината

    јуни 30, 2022
  • msu

    Европските уметници Жмијевски и Алтхамер ќе создаваат колажни дела во МСУ, а дел од нив ќе ги подарат на музејот

    јуни 23, 2022
  • unnamed (2)

    Музичка промоција на книгата „Забранети луѓе“ од џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен

    јуни 15, 2022
  • tiiiit

    Едукативни работилници со уметницата Селма Селман

    мај 27, 2022
  • ?????

    Познатиот уметник Ахмет Огут за изложбата „Скокни“ во МСУ ќе изработи ново дело инспирирано од солидарноста по скопскиот земјотрес

    мај 25, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics