Надградени класични парчиња и адаптирани спортски модели има во новата линија за мажи на шведскиот бренд H&M. Во широката понуда за престојната пролет етикетата се задржува на практични, мејнстрим модели, кои би се вклопиле во ормарот на сите типови на мажи. Овие креации би нашле примена и кај најконзервативните личности, но и кај тие што сакаат да ескпериментираат. Тука е кожната јакна-како вечен симбол на бунтовност, фарметки и панталони со класичен крој, кои може да се носат повеќе сезони и спортски парчиња како патики и блузони, кои го негуваа младешкиот дух. Палетет на кошули, покрај едноставните и еднобојни модели, е проширена со џинс-креација и такви со цветен и каро-дезен. Има и поло маички, блузи налик на дрес и морнарски модели. Имиџот е комплетиран со колани ,качкети, епадрили и очила за сонце, одлични за топлите пролетни и летни денови. Боите се во рамките на класичниот машки избор, сина, црна,бела, темносина и темноцрвена.
Нема коментари