Полека и вниматено се подготвуваме за есенската модна сезона, ги проверуваме првите колекции на омилените брендови со цел да креираме есенска гардероба во согласност со нашиот стил, еве еден прв поглед на новата колекција на Масимо Дути. За есен 2021 овој бренд кој негува елеганија и квалитет, понуди неколку насоки – фустани и здолништа со егзотични принтови, безвременски мантили, панталони со ефект на кожа и џемпери во неутрални тонови. Есенската модна приказна е илустрирана преку видео и кампања со манекенката Мерлијн Шорен, која ни покажува како да ги носиме есенските парчиња на брендот. Масимо Дути е еден од омилените брендови на Македонците за машка и женска мода, а од неодамна понуди опција за онлајн купување.
Нема коментари