Модниот бренд Масимо Дути ја претстави кампањата A New State of Mind заовој дел од зимата, снимена на улиците на Њујорк во манир на улична мода со манекенката Андреа Диакоку и фотографот Кристијан Мекдоналд. Дел од кампањата е снимена во студио. Сите фотографии ги илустрираат трендовите за овој зимски период, а дел од модните парчиња може да се носат и во преминот од зима во пролет. Гледаме микс на елеганција и урбан стил со ретро референци – топли ролки, миди кожени и тексасни здолништа во стилот на 70-тите, удобни палта, кожени фустани и панталони, безвременски мантил и високи чизми.
Нема коментари