Брендот Масимо Дути во Париз ја сними новaта кампања за лето 2021 наречена Perfect Companion, а во која се појавува манекенката Андреа Диакону. Шпаскиот моден бренд во новите креаии се фокусира на минималистички стилови, елегантен изглед и на акцентирањет на неколку актуелни трендови. Преовладуваат ленени костими со панталони и бермуди креирани со лежерен крој, кошула-фустан врз широки панталони, фустани со смирени форми, тренди кожени апостолки. Модните парчиња лесно се комбинираат меѓу себе создавајќи различни комбинации. Во однос на палетата на бои доминираат црната, белата и сивата, земјените тонови и окер-жолтата и загасито портокаловата.
Нема коментари