Модниот бренд Масимо Дути претстави лимитирана колекција за сезоната пролет-лето 2023 во која на современ начин се интерпретирани основните модни парчиња. „Масимо Дути ги проширува перспективите и ја засилува современата привлечност за жените. Колекцијата ја истражува модата преку превезот на поезијата и се однесува на интуитивните жени“, објаснуваат од брендот.
Колекцијата Massimo Dutti Limited Edition за пролет-лето 2023 со шик изглед содржи импресиивни дизајни наменети за различни прилики – вечерни фустани и добро скроени кожени јакни, широки панталони и мантили, макси фустани и шик одела, споени и стилизирани да креираат современ изглед.
Преку оваа колекција Масимо Дути предлага монохроматската палета, односно парчиња во црна и бела боја кои што лесно се комбинираат и усогласуваат. Минималистичките, но шик дизајни се совршени за оние кои сакаат да се истакнат без да бидат премногу нападни.
Нема коментари