Во еден од последните официјални настани пред да се откажат од своите кралски должности, британскиот принц Хари и војвотката од Сасекс, се појавија на музичкиот фестивал Маунтабен во Ројал Алберт Хол во Лондон, двајцата складно облечени во црвена боја. Хари како генерал на кралската морнарица носеше војничка униформа, а Меган прекрасен црвен фустан со горен дел како мини наметка. Фустанот е креација на брендот Safiyaa, а Меган го координираше не само со црвената униформа на Хари, туку и со црвени чевли на Aquazzura, црвена чанта на Manolo Blahnik и црвени обетки на Simone Rocha.
Хари и Меган во јануари годинава објавија дека се окажуваат од кралските обврски и ќе живеат поедноставен живот, во моментов престојуваат во Канада, а деновие се вратија во Велика Британија за последните свечени приеми и кралски настани. Интересно е да се анализира изгледот на Меган откако се вратија од Канада – таа во неколку пригоди избра да носи креации цо сина, бела и црвена боја, можеби во чест на британското знаме кои ги содржи овие бои.
Нема коментари