Модна изложба, целодневен и вечерен поп-ап настан на Мелани Дигит (Мелани Димитровска), во петок, 25 октомври, од 12 до 23 часот, во галерија „Акантус“ во Дебар Маало.
Неколку аутфити од колекцијата ce презентирани на Fashion Scout London оваа година на Ljubljana Fashion Week а во пошироко издание ќе се прикаже во Галерија Акантус – Скопје. Колекцијата е насловена „Профил“, произлезено од поширока тема – Балкан. Составена е од женски, машки и унисекс парчиња. Главните материјали од кои што е сошиена колекцијата се лен, памук и свилени конци врз памучна основа. Апликативните делови користат нетекстилни материјали а се искористени и за целосен материјал за облека.
Нема коментари