Модните комбинации со облека во различни дезени се смели и креативни, ваквите стајлинзи се чести кај ѕвездите на уличната мода, а сега во нивниот стил забележана е тенденција на мешање на неколку различни карирани принтови. Овој „судир на коцкички“ значи мешање на различни каро дезени, различни по големина или боја. Некои спојуваат карирани парчиња кои се ист тоналитет, но со коцки во различни големини. Неколку парчиња од класичен тартан дезен во различни бои може да изгледа интересно. Впечатлива е и комбинацијата од кошула во двобојни и коцки и палто со кариран дезен во пастелни бои.
Нема коментари