Актерката и модна икона, Мила Јовович, е заштитно лице и на колекцијата за есен-зима 2014-15 на италијанскиот бренд „Марела“. Таа позира пред фотографскиот тандем Инез ван Ламсверде и Винуд Матадин, кои направија динамични портрети, надополнети со илустрации за колоритен констраст. Креациите што ги претставува Јовович се женствени, елегантни и наменетиза модери бизнис-дами, што сакаат да отскокнуваат од околината. Застапени се панталони во повеќе форми, припиени палта, фустани, мантилчиња и капути со леопард-принт. Доминираат црвената, црната и белата боја. Линијата е збогатена со класични црни чанти и чевли. Мила соработува со „Марела“од 2012 година.
Нема коментари