Актерката Мила Кунис присуствуваше на доделувањето на научните награди Breakthrough Prize 2018 што се одржа во истражувачкиот центар Амес на НАСА, облечена во креација на Долче и Габана. Мила и нејзиниот сопруг Аштон Кучер беа презентери на настанот кој се нарекува „Оскар за наука“, на кој се доделуваат признанија за најголемите достигнувања во физиката, општествените науки и математиката.
Мила и Аштон изгледаа елегантно, а актерката покажа дека проѕирната облека не мора да изгледа провокативно и невкусно ако добро се искомбинира. Таа облече комплет од црн, транспарентен корсет, кој за да не изгледа премногу повокативно, го избалансира со широко здолниште со цветен дезен. Стајлингот е дополнет со елегантни сандали, деликатен накит, фатена коса и природна шминка.
Нема коментари