Првиот човек на минималистичката мода, Келвин Клајна, својот дом во Мајами Бич го уредил токму во минималистички стил. Летната резиденција на модниот дизајнер, која што се одликува со почистени линии и неутрална палета, сега е ставена на продажба. Куќата е изградена во 1929 година, содржи пет спални соби седум купатила, потоа внатрешен двор, инфинити-базен опкружен со бамбусови дрва. Ѕидовите се во бела боја, просториите големи и прозрачни, мебелот во бела и во боја на дрво, со декор како теракотни ќупови, графики и врамени фотографии.
Нема коментари