• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Министерството за култура со поддршка за креативните индустрии

Од stylist @StylistMKD · На јануари 25, 2016

09A_Kreativni_industraii_2016

Министерството за култура по четврт пат објави конкурс за поддршка на проекти од доменот на креативните индустрии, а министерката Елизабета Канческа Милевска пред неколку дена ги соопшти резултати донесени од страна на стручната комисија во која членуваа Митко Хаџи-Пуља, Гордана Вренцоска, Роберт Јанкуловски, Андреј Бартлинг и Беким Мемети. Според изборот на комисијата министерството ќе поддржи 61 проект на индивидуални лица, граѓански здруженија и други правни субјекти, кои доаѓаат од различни области како на пример моден дизајн, дизајн на производ и на мебел.

-Развојот на современата култура, особено во доменот на применетите уметности и креативните практики, како и идентификацијата на економската, производствената и на профитабилната димензија на културата е еден од приоритетите на Министерството за култура кој е зацртан и во Националната стратегија за развој на културата 2013-2017 година. Токму затоа во изминатиот период наша цел беше имплементацијата на современите технологии и креативните индустрии во културата со кои настојувавме да поставиме повисоки стандарди на визуелна естетика, културна комуникација и да создадеме препознатливи македонски брендови. Сите мерки и активности кои ги презедоа Владата на Република Македонија и Министерството за култура на полето на креативните индустрии дадоа конкретни резултати и поттикнаа нови развојни и иновативни импулси во оваа област која се потврди како одличен медиум за промоција на знаењето и вештините на нашите креативци. Инвестирањето во развојот на креативните индустрии силно ги стимулираше македонските уметници и креативниот сектор кај нас, кој ја презентираше преку своите проекти имагинацијата и талентот, но креативните индустрии поттикнаа и голем број на нови вработувања, мобилност во економската размена и афирмација на претприемачкиот дух – изјави Канческа-Милевска на пресконференција што се одржа во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.

011_640x400_Kreativni_industraii_2016

На средбата со новинарите беа присутни членовите на комисијата Хаџи-Пуља, Вренцоска и Јанкуловски кои го нагласија едукативниот, културниот, промтивниот и економскиот аспект на проекти од применетите уметности и креативните индустрии . Дел од поддржаните автори открија за своите проекти, па така модната дизајнерка Ирина Тошева ќе работи на прва модна колекција со 3Д печатење во Македонија што ќе ја претстави на следниот Моден викенд-Скопје, Викторија Ланговска од креативното студио „Преплет“ зборуваше за применувањето на кирилицита и типичните македонски изрази во разни дизајнерски предмети, а Дејан Спасовиќ ќе работи на првиот македонски бренд за покуќнина наречен „Мираз“. Меѓу останатите поддржани проекти се „Визуелна приказна-мебел од Македонија“ (We and Nature), „Дизајн предизвик“ (Мима Пејоска), „Шајн“ („Тинк Мебел“), „Дигитална керамика (Александар Дудески), Дизајн пракса („Јавна соба“), „Отворени можности за креативните занаети“ (Занаетчиска комора – Скопје), како и проекти на здруженијата на граѓани наменети за лица со посебни потреби- „Види,слушни, погоди…“ (Здружение за општествена акција, едукација и превентива од Прилеп), Фестивалот на фигури од овошје и зеленчук „Сочни фигури 2016“ (Слоу фуд Свети Наум Охридски од Скопје) , „Сончева девојка“ (Едукативен центар Светлина од Прилеп) и други. (К.Т.)

•

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics