Знаете ли што се смета за едно од најголемите faux pas во модата? Кога две дами ќе се појават во ист фустан на еден настан. Токму ова се случува во новата божиќна реклама на дизајнерката Кејт Спејд, во која Мис Пиги се расправа со актерката Зосија Мамет (или Жажа како што Пиги ја нарекува) токму поради истата комбинација. Сето ова се случува во лифтдо врвот на Емпајар стејт билдинг во Њујорк, двете облечени ист аутфит симпатично се караат, на кратко се појавува блогерката Леандра Медин, а целата приказна гледајте ја во видеото наречено Miss Adventure.
Нема коментари