„Mister Marvelous отсекогаш беше замислен како проект кој би требало да го слави големиот карактер, отпорноста и креативноста“.
Ben Gorham, основач и креативен директор на Byredo
Машкит парфем Mister Marvelous на луксузниот бренд Byredo повторнo се врати 11 години по лансирањето, а реизданието на оригиналниот Mister Marvelous во ограничено издание оддава почит на современиот човек – остар, самоуверен и восхитувачки. Ова е мирис на самоувереност, кој одново пишува правила на модерната мажественост.
Преполн со харизма, слаткото отворање на листовите на мандарина и цветови нероли води со свежо срце на бамбус и зелена лаванда, додека зачинските ноти на црниот амбер и бел кедар даваат последен допир на интрига и изненадување.
Горни ноти: листови мандарина, нероли, бергамот
Средни ноти: бамбус, лаванда
Долни ноти: амбер, кедар
Кампањата за Mister Marvelous
Да се биде Marvelous (Чудесен) во 2022. значи да се биде повеќедимензионален. Трострукиот Pro Bowl и Super Bowl LVI шампион Odell Beckham Jr. го отелотвотува како една од најхаризматичните ѕвезди на NFL. Покрај тоа што е извонреден спортист, Beckham е татко, претприемач и ново лице на Mister Marvelous.
Основачот и креативен директор на Byredo, Ben Gorham поминал низ сличен пат. Тој лесно се снаоѓа во светот на професионалните спортови бидејќи и самиот беше извонреден спортист. Поранешниот бек висок 194 сантиметри играше професионална кошарка во Европа пред да ја напушти играта и да стане претприемач, татко и маж.
„Mister Marvelous ме потсетува на ренесансниот човек“, вели Beckham. „Освоив Super Bowl, станав татко и влегов во своите 30-ти, на среќно место. Тоа е она што Mister Marvelous претставува - остварен среќен маж.
Тој долго бил фан на Byredo. “Го сакам овој бренд. Свеќите се насекаде низ домот, а неодамна почнав да ги користам и парфемите. Автентичноста ми е важна кога ги одбирам партнерите со кои работам, така што ова беше лесно да се вклопи“.
Автор на фотографиите за кампањата е Џошуа Вудс. Роден во Харлем во Њујорк, моментално живее во Париз како фотограф и филмски создавач кој често гравитира кон поединците со неконвенционални приказни во светот на модата, уметноста и музиката. Природен фоторепортер со неограничен домет, неговата работа е изложена насекаде низ светот, вклучувајќи и групни изложби бо Њујорк, Лондон и Париз. Неговото комерцијално портфолио вклучува кампањи за Gucci, Ralph Lauren, Chloe и Nike.
Beckham ќе го стилизира њујоршката имиџмејкерка на висока мода Стела Гринспан, поранешна помошничка на креативната директорка на американскиот Vogue, Грејс Кодингтон, пред да го прошири своето портфолио на уредувачки и комерцијални клиенти од W Magazine, Dazed и британскиот Vogue до Chanel, Dior и Nike.
Нема коментари