Модниот дизајнер Мите Занов кој креира под името Zanov во саботата, на 25 февруари, на модна ревија во City Hall Center, ја претстави својата најнова колекција Noctural за сезоната пролет 2023.
-Настаните кои доаѓаат со трауматично искуство се проследени со патување за исцелување. Инспирацијата за колекцијата Nocturnal 23 се заснова на едно такво патување, а емоциите и чувствата како страв, фрустрација, гнев и тага, а сето тоа ни помага да се справиме.
Она што го доживуваме на тоа патување можеби не е секогаш убаво, но таквиот пат води до моќна енергија што се издигнува за да ни помогне да одиме напред.
Од ден до ноќ, од бело до црно, тоа е нераскинлив круг – стои во објаснувањето и инспирацијата за колекцијата.
Нема коментари