• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

„Млади европски приказни, млади креативци“ – фестивал посветен на детската креативност и книжевноста за деца

Од stylist @StylistMKD · На мај 29, 2023

mladi evropski prikazni

Од 30 мај до 6 јуни, на пет локации во Скопје, ќе се одржува книжевната и творечка манифестација за деца и млади „Млади европски приказни, млади креативци”, во организација на издавачката куќа Чудна шума.

На фестивалот ќе земат учество повеќе македонски автори и илустратори за деца и неколку издавачки куќи, а фокусот на фестивалот ќе бидат креативните работилници за деца и млади со различни возрасти, промоции, читања и претставувања на книги за деца и млади, а посетителите ќе имаат можност да погледнат и изложби, камишибаи претстава и да бидат дел од едно поинакво искуство.

Фестивалот ќе се одвива на пет локации во Скопје: Младинскиот културен центар, Градската библиотека „Браќа Миладиновци” и нејзините централни објекти – библиотека „Другарче” и библиотека „Цветан Димов” (Чаир), како и новоотворената книжарница Чудна шума на улица Костурски херои бр. 19 (веднаш до Универзална сала).

Работилници ќе држат авторите и илустратори: Ирина Атанаскова, Небуше Ајети, Наташа Костовска, Билјана С. Црвенковска, Симона Јованоска, Алексеј Костовски, Нита Муча, Доротеј Нешовски…

Ќе се одржат промоции на книгите: „Sуница” од Бранислав Николовски со илустрации на Иванка Ниба во издание на Едиција Светулка (промоцијата ќе вклучува и многу пеење, играње и забавни креативни активности за децата), потоа промоција и креативна работилница „Седумте Некоиси и седумте македонски композитори” на авторите Бистра Георгиева и Александар Трајковски, со илустрации на Наталија Лукомска – книгата која беше прогласена за најдобра книга за деца и млади на овогодинешниот саем на книга, како и читања и претставувања на уште неколку книги за деца и млади во издание на Чудна шума и Сказнувалка. Настаните ќе ги води и модерира Ана Јовковска.

Во рамки на фестивалот „Млади европски приказни, млади креативци”, на 5 јуни, понеделник и на 6 јуни, вторник, во Градска библиотека „Браќа Миладиновци” и нејзините централни објекти – библиотеката „Другарче” и библиотеката „Цветан Димов” (Чаир), организирани креативни работилници за деца од градинки и основни училишта ќе одржат писателката Билјана С. Црвенковска и уметниците Доротеј Нешовски, Небуше Ајети и Наташа Костовска.

„Книжевната и творечка манифестација за деца првпат се одржа минатата година, а годинешното издание е малку поинакво – фокусот е исклучиво на децата и сите содржини се наменети и прилагодени за нив” – вели Билјана Црвенковска од Чудна шума. „Ќе имаме навистина одлични креативни работилници за деца од сите возрасти – ќе изработуваме и дизајни на маички со Небуше Ајети, кукли од чорапи со Наташа Костовска, ќе имаме првпат изложба на илустрации на разгледници, одлични промоции на книги за деца каде што повторно фокусот ќе биде на децата – ќе бидат забавни, ќе вклучуваат и пеење и интеракција… а во соработка со Градска библиотека „Браќа Миладиновци” ќе имаме и организирани креативни работилници за деца од неколку основни училишта и градинки во Скопје.”

Настанот е поддржан од програмата Креативна Европа на Европската Унија, како и од Министерството за култура, Младинскиот културен центар во Скопје и Градската библиотека Браќа Миладиновци.

Програма на книжевната и творечка манифестација за деца „Млади европски приказни, млади креативци”:
30 мај, вторник (книжарница Чудна шума)
17:30 – 18:30 Мини-работилница „Let’s discover nature in the water” / „Да го откриеме подводниот свет” со писателката Билјана Црвенковска и Staedler
Возраст: 6+
Број на учесници: 631 мај, среда (плато пред МКЦ)Промоции и читања:
17:00 – 18:00 Читање и креативна работилница „Приказна за малиот Уг” со авторката и илустраторка Ирина Атанаскова
Возраст: 5+
Број на учесници: 15

18:00 – 19:00 Промоција на сликовницата „Sуница” од Бранислав Николовски со илустрации на Иванка Ниба + креативен предизвик за деца, Едиција Светулка
Промотор: Ана Јовковска

19:00 – 20:00 Читање и креативна работилница „Како ги гледаме животните, како животните нѐ гледаат нас” инспирирана од „Човекот каков е, секој гледа” од М. Татушак и Г. Ригал, издавачка куќа Сказнувалка
Возраст: 6+
Број на учесници: 15

Креативни работилници:
18:00 – 19:00 „Градот Вабу и потрагата на Нави” креативна работилница со писателката Симона Јованоска и илустраторот Алексеј Костовски
Возраст: 6+
Број на учесници: 15

18:00 – 19:00 Изработка на кукли од чорапи – креативна работилница со Наташа Костовска
Возраст: 5+
Број на учесници: 15

*Работилниците на платото во МКЦ се бесплатни и со ограничен број на учесници. Пријавувањето е задолжително на мејл: biljana.crvenkovska@gmail.com

17:00 – 19:00 Изложба на илустрации-разгледници од познати илустратори на книги за деца

17:00 – 19:00 Hahnemühle Art Corner со Елена и Мирела

1 јуни, четврток (плато пред МКЦ)

Промоции и читања:
17:00 – 18:00 „Гатанки мали одговор им фали” – читаме и погодуваме гатанки и освојуваме награди

18:00 – 19:00 Промоција на „Седумте Некоиси и седумте македонски композитори” од Бистра Георгиева и Александар Трајковски, со илустрации на Наталија Лукомска и креативна работилница за деца
Промотор: Ана Јовковска
Возраст: 6+
Број на учесници: 15

19:00 – 20:00 Камишибаи претстава „Приказна за Пикухенки” инспирирана од „Пикухенки” од Т. Телехен и М. Торнквист, издавачка куќа Сказнувалка
Креативни работилници:
17:00 – 18:00 Изработка/креирање на дизајни за маички – креативна работилница со Небуше Ајети
Возраст: 9-14
Број на учесници: 15

Креативни работилници:
18:00 – 19:00 Креативна работилница – цртање, сликање, боење – „Дали чудовиштата имаат чувства” со Нита Муча
Возраст: 4+
Број на учесници: 15

*Работилниците на платото во МКЦ се бесплатни и со ограничен број на учесници. Пријавувањето е задолжително на мејл: biljana.crvenkovska@gmail.com

17:00 – 19:00 Изложба на илустрации-разгледници од познати илустратори на книги за деца

17:00 – 19:00 Hahnemühle Art Corner со Елена и Мирела

3 јуни, сабота (книжарница Чудна шума)
12:00 – 13:00 Мини-работилница „Нела Смела и Бушавата бура” – читаме, цртаме, размислуваме со писателката Билјана Црвенковска и Staedler
Возраст: 6+
Број на учесници: 6

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ културен водич

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

  • ??????????????????????? културен водич

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

  • zizel културен водич

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics