Еден до најпрестижните тениски турнири, „Вимблдон“, има подеднакво значење за модата како и за спортот. Традиционално, познати имиња од светот на филмот, модата, политиката, телевизијата и музиката ги бодрат натпреварувачите, и притоа внимаваат тоа да го направат со стил. Меѓу редовните посетители е една од највлијателните жени во модата, Ана Винтур, која е голем фан на тенисот. Таа , како исотанатите гости беа модерни и елегантни. Овој пат носеше флорален фистан во А крој од Chanel. Во фокусот беше Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, со лимон-жолтата креација со минималистички крој од Roksanda. Модерна како и секогаш беше актерката Сиена Милер, во макси црвен фустан со бели и темносини линии од Burberry. Меѓу најубаво облечените беа и Гема Артертон и Ирина Шајк, двете со бели сакоа. Ким Мареј се појави во флорален розов фустан, а Пипа Мидлтон во бел трендовски фусатн со цветови и карнери. Во публика беа забележани и Дејвид Бекам со синовите, Бредли Купер, Јасмин Ле Бон и други.

Ана Винтур во фустан од „Шанел“

Кејт Мидлтон во креација од Roksanda

Сиена Милер носи фустан од Burberry

Гема Артертон

Ирина Шајк

Ким Мареј

Пипа Мидлтон

Оливија Палермо со сопругот

Дејвид Бекам

Ребел Вилсон и Пипа Мидлтон во публика

Јасмин Ле Бон со ќерката

Вил Пултер

Џејмс Нортон

Дејвид Бекам со синовите

Бредли КУпер со девојката Ирина Шајк
Нема коментари