Најмодерната забава со најмногу холивудски ѕвезди на едно место секоја година има на забавата на Vanity Fair, која се одржува по завршување на оскаровската церемонија. Според многумина, модата на овој настан често го надминува црвениот килим на Оскарите. Можеби затоа што настанот е ослободен од оскоровскиот притисок, а можеби и зашто дрескодот дозволува малку поголема стилска слобода. По завршување на официјалниот дел од доделувањата на наградите за најдобрите во филмската индустрија, ѕвездите ги менуваат своите раскошни и драматични фустани со помодерни и пошик креации. Годинава доминираа црната, крем, светлосина, бела, златна и сребрена боја. Покрај металик моделите имаше светкава мониста, транспарентни материјали, црна тантела, кратки фустани за забава и палта со машки крој. Стајлизните беа дополнети со скап накит и модни додатоци, но и чевли за танцување. Погледнете како беа облечени гостите на оскаровската забава на Vanity Fair.

Аманда Пит, Ејми Адамс, Тенди Њутон и Софија Вергата во металик фустани

Транспарентни црни креации со светкава мониста и пердуви беше изборот на Хајди Клум, Кејт Бекинсејл, Џенифер Анистон и Лили Колинс

Миранда Кер, Елизабет Бенкс, Лесли Мен и Мини Драјвер

Мишел Докери, Џесика Биел, Џесика Алба, Нина Добрев и Руни Мара

Кејт Босворт како Грејс Кели во тиркизнен фустан од тантела

Риси Витерспун, Хали Бери и Дајан Кругер во мини фустани

Либерти Рос, Скарлет Јохансон, Ема Стоун и Сиа во нов крој на машкиот костум

Сијара, Алесандра Амбросио, Оливија Мун, Карли Клос и Трејси Елис Рос во црвени модели

Моли Симс, Кети Пери, Мери Џеј Блајџ, Зои Кравиц и Џулиет Луис

Минди Колинг, Габриел Јунион, Сара Полсон и Дакота Џонсон

Роузи Хантингтон-Вајтли, Емили Ратајковски, Адријана Лима и Кејт Аптон
Нема коментари