Риги, животински принт , точки, „гингам“ шара и други впечатливи апликации ја разигруваат новата кампања на шведскиот бренд H&M за есен-зима 2017. Во центарот на колекцијата се базичните модели, а има и комбинација од впечатливи ретро креации и удобни современи парчиња. Понудена е блуза и кошула со риги, црни фармерки, џемпер со нагласен волумен, како и винил здолниште и панталони, блуза и фустан со панделка и со принт, здолништа со дискретни карнери, корсети и горен дел собалон ракави. Линијата е збогатена со бунда со животински принт и жолт плетен капут. Покрај белата и црната боја, застапени се жолтата, крем и светлокафена. Парчињата се наманети за кул девојки, кои избираат удобни моделино сакаат да отскокнуваат од средината.
Нема коментари