Брендот „Делпозо“ последниве сезони стана еден од светските омилени за венчаници со поинаков изглед и prêt-à-couture креации, а модната куќа со седиште во Мадрид, неодамна ја претстави новата свадбена колекција во која доминира современ дизајнерски израз. Венчаниците се елегантни и префинети, а силуетата смирена и флуидна. Колекцијата е изработена од свила, муслин и мек тул, а фустаните имаа бајковидни набори, рачно сошиени украси, интересни изрези, машнички, чворови и детали со 3Д апликации.
Нема коментари