Пончо е префрлена наметка со отвор за главата, што потсетува на ќебе или прективка од дебел материјал. Се среќава како традиционална облека кај Индијанците и кај старите народи од Централна и Јужна Америка. Пончото се носело за да го заштити телото од студ или од силен дожд. Затоа и било изработено од цврст водоотпорен материјал.
Денеска се носи исто така за затоплување, но и како моден украс, додаток во горниот дел од телото. Најчесто е изработено од волна или од тешка и топла ткаенина.
Нема коментари