Креативниот директор на „Шанел“ Карл Лагерфелд подготви краток филм „Модна машина“ за предпролетната колекција на брендот. Кога Лагерфелд би владеел со светот, сите би биле облечени во облека на „Шанел“ која ќе се создава во оваа магична машина. Во краткото видео режирано од самиот дизајнер ги гледаме манекенките Џејми Бошерт, Линдзи Виксон, Су Ју, Надја Бендер и Минг Кси како влегуваат во машина облечени во развлечени лабораториски мантили, а излегуваат во луксузни креации на модната куќа „Шанел“.
Нема коментари