Креативниот директор на Фенди, Ким Џонс, инспирација за новата колекција за есен-зима 2022 пронајде во архивата на оваа италијанска модна куќа, во дизајните на неговиот претходник Карл Лагерфелд од колекциите за пролет-лето 1986 и есен-зима 2000, правејќи своја интерпретација на на старите принтови и стилови. На современ начин ги сопроставува мекото и тврдото во материјалите и облиците и вели „Тоа ја прави жената моќна“.
Манекенката Бела Хадид ја отвори модната ревија во бледо розов шифонски фустан, кратна крзнена јакна и долги зелени ракавици од кашмир. Ова е еден многуте меки дизајни од шифон во колекцијата, вклучувајќи проѕирни блузи, панталони и комбинезони, украсени со брановидни набори или принтови, кои понекогаш и ѕиркаат од комбинациите од твид. Моделите носеа карирани панталони, здолништа со висок струк и кошули налик на корсет.
Нема коментари