• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

Применет модернизам со 3Д ефекти во јубилејната колекција на Антонија Ристовска

Од stylist @StylistMKD · На април 25, 2014

collage

Дваесетгодишниот јубилеј дизајнерката Антонија Ристовска го прослави со претставување на колекцијата наречена Art en Deco наменета за сезоната пролет-лето 2014. Вчера на терасата на новиот скопски трговски центар „Капитол мол“ продефилираа манекенки облечени во вечерни комбинации во претежно пастелни   виолетово-зелени тонови кои според дизјнерката се инспирирани од арт деко стилот, но има и малку футуризам, кубизам и функционализам. Ристовска најави потреба за промена и за нов модерен изглед на своите креации, а тоа се чувствува во новата колекција. Покрај промените, останува доследна на својот долгогодишен израз што се забележува во елегантноста на моделите и женствените цветни апликации.

A1

Покрај фустаните со различна должина, од куса со мал шлиц, коктел-верзија и долги кои се влечат по земја, дизајнерката претстави неколку комбнации со панталони како предлог за вечерен изглед. Модернистичките елементи се забележуваат преку неколку остри линии во кројот, 3Д коцките зашиени за облеката и интервенции во рачно изработени апликации кои даваат ефект на тродимензионална коцка, а кои беа мотив на целата колекција. Текстурата со 3Д форма се забележува не само кај коцките, туку и во омекнатиот финиш кај цветовите како апликација и ткаенината со ласерски исечени цветови.

A3

Модернизмот можеше да се види и во нежно-футурстичката шминка и фризура. Во однос на палетата бои, покрај црната и белата, дизајнерката користи микс на ладни и топли тонови како сива, виолетова, минт-зелена, но и потемно зелена, пудресто розова и боја на малина. Како надополнување на колекцијата дизајнерката понуди брендиран накит и копчиња. Антонија Ристовска со оваа ревија симболично прослави 20 годишен јубилеј од својата работа, што значи 20 колекции и 15 модни ревии на домашен терен и во Турција и Косово. „Љубовта кон оваа работа ме водеше сите овие години. Во комбинација со талентот и напорната работа овој јубилеј од 20 години е сега пред нас. Но сепак, она кое што го чини брендот Антонија Ристовска денес е квалитетната изработка на секоја креација, која што ја дава довербата на секоја клиентка”, вели дизајнерката.

Антонија Ристовскамакедонски дизајнеримодна ревијапролет-лето 2014
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics