Модниот месец почнува со Њујоршката модна недела и ревијата на Том Форд за колекцијата за пролет-лето 2019, која се чини дека е навраќање на естетиката на дизајнерот за време на неговиот ангажман во „Гучи“. Драматична, романтична и малку мрачна и edgy, новата колекција содржи модели од крокодилска кожа, ресести здолништа, секси тантела, фустани кои реферираат на 70-тите и 90-тите, деконструирани смокинг сакоа, креаиции кои се во црна, бела, нијанси на боја на кожа и во најсветла виолетова боја. За мажите Форд предлага светкави костуми и комплети од панталони, џемпери и јакни кои се во слични нијаси. -Чувствувам дека модата некако го изгуби својот пат и лесно е сите нам нè понесат трендовите кои го изгубиле контактот со тоа што всушност сакаат жените и мажите да носат. Не сакав да направам иронична или паметна облека, туку едноставно облека што е убава. Сакав мажите и жените да се почувствуваат поубаво и да ја зголемат самодовербата – пишува Том Форд во соопштението за колекцијата.
View this post on Instagram
#GigiHadid brought the drama for night one of #NYFW #TomFord
View this post on Instagram
Front row at the TOM FORD SS19 Show. #TOMFORD #TOMFORDSS19 #NYFW
View this post on Instagram
View this post on InstagramA detailed look at the TOM FORD SS19 Women’s Collection. #TOMFORD #TOMFORDSS19 #NYFW A post shared by TOM FORD (@tomford) on
View this post on InstagramA post shared by I.S. Latvian blogger (@justfashionworld) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари