Верен на препознатливиот стил што го прикажува со децении во колекциите на „Шанел“, Карл Лагерфелд е верен и на грандиозната продукција зад ревиите на оваа модна куќа. За последната колекција за пролет-лето 2019, на Париската модна недела, тој прикажа шоу со уште една нова мегаломанска сценографија – салата во Grand Palais овој пат беше претворена во голема песочна плажа покрај некое брановидно море.
Манекенките чекореа боси по песокот и водата, а темата на летна облека што можеме да ја носиме покрај море е блиска со темата на Ривиера и инспирацијата што Коко Шанел ја црпеше од југот на Франција во 30-тите години. Не нè изненадува што Лагерфелд често прави омаж на Коко и на нејзините модни теми, а и во оваа колекција ги има дизајнерските кодови на основачката на модната куќа во форма на летна доза на креации со букле и верзии на малиот црн фустан.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари