Што сè ви треба за оваа есенско-зимска модна сезона ќе ви објасни популарниот моден бренд Манго, кој во новата кампања наречена Salt & Pepper (Сол и бибер) ги презентира фаворитите за овој период преку модни парчиња во кои доминираат белата и црната (не) боја.
Новата колекција содржи класични и безвременски парчиња со класични кроеви како елегантни капути, плетени џемпери и фустани, здолништа со црно-бела карирана или пепито шара, но во спој со трендовски модели и детали како хеланки со ластик околу стапалото, чанти со ланци, мокасини и гломазни чизми.
Нема коментари