Во оваа деценија од вашиот живот веќе го имате оформено соптвениот стил, сега внимателно бирате што ќе купите и во кое модно парче најмногу ќе инвестирате. Повеќе не ве интересира да купите безброј евтини парчиња од рафтовите на хајстрит брендовите, туку сакате квалитет, безвремена мода и полуксузни креации.
КВАЛИТЕТНА ЧАНТА ВО КОЈА ВРЕДИ ДА СЕ ИНВЕСТИРА
Бирајте безвременски чанти со класичен облик, добро струкстурирани, од квалитетен материјал и најдобро е да се во неутрални нијанси (црна, беж, тегет или сива). Подобро е да инвестирате во една скапа чанта, отколку да имате повеќе со лош квалитет.
МАНТИЛ
Класичен стил кој одговара на секоја сезона и на секоја модна комбинација. Гарантира малку париско шик расположение. Добра опција кога брзате и немате време да креирате цел излед, бидејќи можете да го облечете врз панталони или фустан, да го заврзете ременот и да добиете комплетен и ефектен стајлинг.
МОЌНИ ЧЕВЛИ ВО КОИ ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ЧЕКОРИТЕ
Салонките или сандалите со високи потетици додаваат доза на самоувереност и моќен излед. Но, многу е важно да бидат удобни и добро конструирани, што ќе ви овозможи подоло време да ги носите и лесно да чекорите.
ГРАДНИК ВО ВИСТИНСКИ КОНФЕКЦИСКИ БРОЈ
Нема ништо полошо од градник во погрешна величина. На оваа возраст не смеете да си дозволите да не си го знаете вистинскиот број на градник и да носите градници кои ве стегаат во прерамките, имаат погрешен број на корпа или во кој било сегмент воопшто не ви одговараат. Имајте предвид дека со текот на годините ќе ви се менува телото и со тоа конфекцискиот број на градник (пубертет, бременост, промена во килограми), а тоа значи почесто да се мерите и да ја одредувате вистинската величина.
ФУСТАН ВО КОЈ ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ СВОИ И САМОУВЕРЕНО
Како што напоменавме, во овој период претпоставуваме дека веќе го имате изградено личниот стил, а меѓудругото, ја имате откриено формата на фустанот кој најдобро ви стои и е совршен според вашиот моден вкус. Без разлика дали е долг, со нагласено деколте, на преклоп или со рамен крој, секоја жена треба да има фустан во кој ќе се чувствува ултра самоуверено.
Нема коментари