• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
личен стил 0

ЕМИЛИЈА ВУЧИНОВСКА: Урбан поглед на стилот со Miss E на модниот дневник Miss Urban Vibe

Од Катерина Трајановска · На март 31, 2017

stylist 32

Блогерката Емилија Вучиновска својот моден стил го опишува како индивидуален, експериментален и невообичаен и тоа го отсликува на преку фотосесиите и стајлинзите кои ги објавува на својот моден блог Miss Urban Vibe кој го создава во последниве четири години. Како поранешна новинарка која третирала и модни теми, Емилија лесно се снаоѓа со модните четива, со тоа што сега на блогот акцентот го става на личниот стил, на сопствените модни комбинации и на урбаниот поглед на стилот кој е препознатлив на Miss Urban Vibe. Со Емилија зборувавме токму за нејзиниот стил и приказната за блогот, за соработките и омилените дизајнери, за домашното модно блогерство и за нашата дизајнерска сцена, а бидејќи и личност што ги следи модните настани во градот, ја прашавме што планира да носи на Моден викенд, манифестацијата што денеска се отвора.

Кога и како се роди идејата да стартуваш моден блог? Од каде таа желба иако не си во модната професија, да се изразуваш преку модна тема на Urban Vibe by Miss E?

-Блогот MissUrbanVibe се роди од идејата и љубовта за визуелно и текстуално прибележување на моите креативни размисли на една платформа. Иако не сум директно инволвирана во модната индустрија, малкумина знаат дека по вокација сум новинар, па во моето портфолио имам напишано бројни текстови поврзани со модата, модните трендови и модни критики. Следствено на ова, блогот ми беше само продолжување на мојата работа како новинар, што донекаде се поистоветува и со „професијата“ блогер. А името дојде од прекарот кој ми го дадоа поранешни колеги, кои ми се обраќаа со Miss E, додека другиот дел од називот Urban Vibe, заради урбаните модни приказни кои се дел од ДНК-то на блогот.

stylist 11

Колку време постои блогот и каква содржина третираш?

-Блогот постои веќе четири години и во прво време беше еден вид на мој личен моден дневник. Во него се обработуваат теми поврзани со модата и личниот стил, совети како да направите одредени модни комбинации, се презентираат најновите модни трендови и од поново време, модни едиторијали во соработка со нашите партнери и соработници, во кои презентираме интересни модни приказни. Како мое второ работно место, во блогот вложив многу труд и со секој нов пост се трудам да понудам различна и автентична содржина.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На твојот блог има доста објави кои се однесуваат на личниот стил, па како ти со свои зборови, освен со фотографии на својот блог, би го опишала својот личен стил? Какви парчиња и стилови всушност има најмногу во твојот гардеробер?

-Индивидуален, експериментален, невообичаен. Повеќе е помалку, а помалку е многу малку. Во една прилика, како средношколка, прочитав многу паметна мисла од Џани Версаче:“If you’re not outrageous you’re not paying attention”- мисла која со текот на времето ми стана модна филозофија.

Во однос на мојата гардероба, не би можела да ја класифицирам во некој конкретен стил. Секогаш изборот на облека ми се води од моменталното расположение и секако од пригодата за која треба да се облечам. Сепак, најмногу доминираат парчиња на облека со интересен принт, посебно кошули кои заземаат најголемо место во мојот шкаф, лелеави фустани, впечатливи палта кои ми се омилен дел од облеката и слабост ми се парчињата на Стела Мекартни за Адидас. Тие ми се вонвременски и парчиња кои ми одат со сè.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Со кого најчесто соработуваш од нашата сцена?  

-Кај нас најмногу соработувам со Магнетик груп, Бата Македонија, АВОН, Тезоро и со Росица Мршиќ. Од фотографите ќе ја издвојам мојата колешка од блогот, Јасна Чилиманова со која одлично се разбираме и благодарение на неа, блогот доби нова свежина и правец.

Дали веќе подготвуваш комбинации за претстојниот Моден викенд? Имаш ли претстава што ќе носиш?

-Секогаш ми е многу тешко да го направам изборот бидејќи станува збор за настан кој трае само три дена, а на ум имам замисли за многу комбинации. Сепак, оваа година модниот викенд го дочекав спремна и веќе точно знам што ќе носам. Овој пат се решив за нешто ново, нешто старо и нешто позајмено.

stylist 37

Без кои парчиња не можеш? Која е твојата идеална, безвременска комбинација која понекогаш можеби им пркоси на трендовите, ама е секогаш ефектна?

-Јас по природа сум човек кому брзо му досадуваат парчињата на облека и секогаш сум во потрага по нови и свежи дизајни и принтови. А во безвременски комбинации би ги вброила сите непредвидливи комбинации со кои изнудувам прашања и вртење на главата на минувачите додека ги носам. Тогаш знам дека сум ја направила вистинската безвременска комбинација.

Колку се важни модните детали, чевлите, чантите, накитот за добар стил и какви парчиња преферираш?  

-Модните детали му даваат завршен шарм на целиот изглед. Тие ја заокружуваат целосната приказна на една добра модна комбинација и секако се клучен дел од неа. Понекогаш впечатливи чевли или чанта знаат да ѝ дадат свежина и на досадната и најобичната комбинација. Истото важи и за накитот и за хулахопките. Затоа секогаш преферирам да купувам впечатливи додатоци кои отскокнуваат од обичното, досадно и предвидливо.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Модни трендови што никогаш не би ги носела?

-Никогаш не би носела облека во која не се чувствувам убаво, облека која не е во мојот конфекциски број и облека која не е за конкретната пригода и моите години. Од нештата што никогаш не би ги носела можам да издвојам: кратко здолниште, кратка маичка, бели чизми и папучите кои веќе две години се најмодерно парче на светската модна сцена.

Кои блогови и модни медиуми ги следиш?

-Од блогерите најмногу ги следам Анабел Флер, Занита, Маргарет Зенг, Оливија Палермо, а од модните медиуми Man Repeller, Whowhatwear, The Urban Spotter и Vogue.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Има ли кај нас инспиративна улична мода?

-Инспиративна улична мода кај нас има, но не во онаа мера како во светот. Знаете, стандардот на живеење и достапноста на светските модни брендови си го прават своето.

Кои се според тебе клучните трендови за оваа пролет и кои од нив ќе ги примениш во твојот стил?

-Оваа сезона модата излезе надвор од рамките на традиционалните трендови и се придвижи во правец каде што владее индивидуалноста. Затоа секој може да ги толкува како што сака и умее. Лично, оваа пролет би ги издвоила фустаните и блузите со асиметрични кроеви и карнери во слоеви, впечатливи палта, лелеави парчиња со цветни дезени, панталони со висок струк. Наброените трендови веќе си најдоа соодветно место во мојот секојдневен стил.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Модното блогерство кај нас доцни споредено со светската и регионалната сцена, како напредуваме во овој поглед  или блогерството кај нас уште го нема постигнато барем нивото на српските и хрватските блогери?

-Модното блогерство кај нас не доцни и не заостанува од страната на блогерите. Проблемот е во брендовите и во нивните менаџери за маркетинг кои сè уште не ја препознаваат моќта и влијанието на блогерките. Тие сè уште веруваат дека класичниот маркетинг е клучна алатка за нивниот бизнис и не се отворени за нови видови на соработка. Кога би го смениле овој начин на размислување блогерството ќе тргне во нагорна линија. Од друга страна пак, многу мал пазар сме за големите ѕверки од модната индустрија, па затоа домашните блогери не можат да имаат и поголеми соработки со светски брендови и добро да заработуваат од нив.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Како ја оценуваш домашната модна сцена во моментов?

-Домашната модна сцена добива сè поголем замав и драго ми е што работите полека, со тешки маки, тргнаа напред. Модните креатори почнаа да имаат своја верна публика и клиенти, што ми е навистина драго бидејќи заслужуваат поголем и подобар третман од модните консументи и бизнис заедницата. Фактот што секоја сезона повеќето од нив имаат свои колекции е навистина за поздрав. Меѓутоа секогаш може повеќе и подобро, во смисла да има компании кои би ја помагале нивната работа и би вложувале во нив, бидејќи за разлика од модните империи во светот кои имаат пристап до многу ресурси и поддршка, нашите дизајнери ценовно им парираат на нискобуџетни брендови. Сè додека е ваква ситуацијата, не можеме да кажеме дека имаат идеална клима за развивање на нивниот бизнис.

stylist 22

Дали според тебе Македонките се модно освестени, недоволно заинтересирани за трендови или премногу униформирани? Што би им порачала во однос на стилот?

-Во Македонија, за жал, сè уште постои униформираност и облекувањето по каталог кои мислам дека се резултат на ограничениот број на брендови кои се продаваат и неможноста од поголем избор на облека. Во принцип немаме доза на поголема самокритичност за точно да процениме што ни стои добро, а што не. Ако нешто е модерно не значи дека сите треба да го носиме и сите да бидеме облечени во истото парче облека. На модните сладокусци би им порачала да не ги следат слепо модните трендови, туку да имаат поголема визија за облекувањето и комбинирањето на парчињата. Добра комбинација на облека е исто толку вредна и добра како едно уметничко дело. Јас сум фан на старото добро непишано правило кое вели дека никогаш не треба да купите парче облека кое што не можете да го комбинирате барем со три постоечки парчиња во вашиот шкаф.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Кои се другите твои интереси покрај модата, со што се занимаваш професионално, како го исполнуваш слободното време ?

-Иако сум новинар по вокација, работам во маркетинг индустријата веќе 10 години, моментално во агенцијата Интелекта. Слободното време го користам за кафе муабетење со моите другарки и за прошетки со моето момче. Сакам да читам книги, Алан Форд, за викенд да пешачам по мојата патека на Водно и да патувам на места каде што не сум била. Најголемиот порок ми е гледањето на странски серии. Кога би знаеле колку многу знам да се вљубам и соживеам со одредени карактери од нив… Што да кажам, водолија сум во хороскоп.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Омилени брендови? Massimo Rebecchi, Caractere, Basler, сè со потписот на Stella McCartney за Adidas.

Македонски дизајнери што со задоволство ги носиш?Росица Мршиќ, Ирина Тошева, Алшар, Marsin.

Топ 5 модни парчиња што секоја жена треба да ги поседува? Добри и квалитетни кожни чевли, класична кожна чанта, tailor made панталони, квалитетни хулахопки, впечатливо палто.

Омилен парфем? Viktor&Rolf- Flowerbomb и Euphoria- Calvin Klein

Омилена скопска шопинг дестинација? Немам омилена скопска шопинг дестинација. Облеката ја купувам надвор од Македонија.

Стил икона? Оливија Палермо.

Стил на шминкање? Хм, веројатно би се вброил во неуреден.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • selena gomez личен стил

    Селена Гомез во дамски комплет со потпис на Mango

  • Helena-Christensen личен стил

    Хелена Кристенсен шик и елегантна во розов костум

  • 1 личен стил

    Клучни есенски модни парчиња според парижанката Камил Шарие

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • hm

    H&M доаѓа во Тетово на 17 јули

    јули 8, 2025
  • 1

    Белата маица евергрин во модата

    јули 8, 2025
  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics