Во перидоот кога се октриваат ресорт колекции на големите модни куќи, новата визија на облека за одмор претстави и Марија Грација Кјури за „Диор“. Таа како креативна директорка на париската модна куќа органзира ревија за ресорт 2019 во шталите на дворецот Шантили, во близината на Париз, а главната инспирација и тема е ескарамуза – мексиканско родео за жени кое ја комбинира женската сила со нејзината убавина. Во толкувањето на Кјури облеката добива нов живот – широки здолништа, нежна тантела, големи шапки, широки појаси, нежни здолништа од тул, сакоа со строг крој, облека која ја следи играта на внатрешната сила со надворешната нежност.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари