Шведскиот гигант за мебел ИКЕА објави втора соработка со познатиот индустриски дизајнер Том Диксон и овојпат ветуваат дека ќе го револуционизираат концептот на кауч (софа). Во февруари ИКЕА и Диксон ќе ја презентираат платформата DELAKTIG преку која купувачот ќе може да составува сопствен мебел употребувајќи различни модуларни елементи. На платформата ќе се најдат опции на елементи кои се претставени и дизајнирани од Диксон и ИКЕА, кои потоа ќе се реорганизираат според сопствените потреби.
Основната структура на каучот е од алуминиум, првенствено заради издржливоста на материјалот, а елементите како наслони, светилки, масичка ќе може да се додадаваат. Мебелот така ќе може да се адаптира на сечиј животен стил. Покрај функционалноста, колекцијата DELAKTIG се одликува со препознатлив минималистички дизајн, поради што овие модуларни каучи може да се вклопат во многу домови.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари