Познатата актерка, водителка и продуцентка Опра Винфри на вчерашното доделување на „Златен глобус“ ја прими наградата што го носи името на Селил Б. Демил, почесна награда која се доделува за исклучителен придонес во забавната индутрија, и со својот моќен говор допре до публиката во салата, пред екраните и на социјалните мрежи. Tаа зборуваше за расизмот и сексизмот во Холивуд, и ги поздрави сите жени, но и мажи, кои се спротиставуваат на овие проблеми. Нејзиниот говор дури поттикна шпекулации дека во 2020 година можеме да ја видиме во трката за претседател на САД.
-Сакам сите девојки да знаат дека новиот ден е на хоризонтот. Кога тој ден конечно ќе изгрее, тоа ќе биде поради бројните прекрасни жени, од кои многу се вечерва овде со нас, како и поради феноменалните мажи кои силно се бoрат за да ни осигураат лидер кој ќе нè внесе во времето во кое никој повеќе нема да мора да каже „јас исто така“ – рече Опра алудирајќи на аферата со сексуална злоупотреба, која минатата година ја потресе Холивуд и поттикна многу исповеди на актерки кои одлучиле да ги изнесат своите приказни во јавноста.
Погледнете го целосниот говор на Опра.
Нема коментари