Скроени по теркот на моделите за најмладите и кроевите што обично ги носат момчињата, комбинезоните се комфорни, симпатични и идеални за викенд изглед или за стајлинг надвор од црвениот килим… Но славните актерки, пејачки и трендсетерки, кои не му робуваат на конвенционалното облекување, ги избраа момчешките комбинезони на разни спонтани или официјално јавни појавувања. Најелегантна варијанта од ова парче облека, што е доста актуелно оваа сезона, е црниот модел со престилка во предниот дел и тесни долги панталони. Во ваков модел ги видовме Лив Тајлер, Блејк Лајвли, Кара Делевињ, Падма Лакшми и други девојки на црвениот килим . Тие се избор и за позрелите дами, како Крис Џенер, Робин Робертс и Сандра Булок. Омилени се меѓу трендсетерките, како Алекса Чанг, која често носи разни варијанти на целосни панталони, Оливија Палермо, Мирослава Дума, Кејт Босворт и други.
Во деновите кога одмораат од ангажмани, ѕвездите овојпериод избираат удобен модел на долги џин-комбинезони. Па така, папараците неколку пати ги имаат уловено Алесандра Амбросио, Џесика Алба, Џенуари Џонс, Наоми Вотс, Хилари Даф, Ема Стоун, Дајан Кругер, Кејли Куоко и други во целосни фармерки.
Нема коментари