Социјалните мрежи Instagram и Tumblr, заедно со Pinterest се сметаат за најважни и најпопуларни кога е модата во прашање, а веќе се знае кои манекенки беа најактулни на нивните страници. Интернет платформата Tumblr во својот годишен извештај откри кои манекенки се најреблогувани за оваа година – Кендал Џенер и Кара Делевиљ, а потоа следат Кендис Свонпул, Миранда Кер, Кејт Мос, Барбара Пелвин, Алекса Чанг, Наоми Кембел, Роузи Хантингтон-Вајтли и Адријана Лима.
Кендал и Кара ги завземаат првите места и на листата на манекенки со најмногу следбеници на Instagram, односно Кендал има 14 милиони, а Кара 7.5 милиони следбеници, зад нив се Миранда Кер (5.1 милион), Кендис Свонпул (3.7 милиони) и Жизел Бундшен (3.07 милиони следбеници).
Нема коментари