Од пејачка до ценета модна дизајнерка, Викторија Бекам направи навистина голема трансформација, а од денес ќе функционира и во својот „втор дом“, претставувајќи ја својата прва официјална продавнiца на Довер стрит, во лондонскиот лукзузен дел Мејфер. На околу шестотини квадрати и на три ката изложени се креациите на Бекам, која што за својот прв бутик избра повеќе изглед на современа уметничка галерија, отколку на типична лондонска луксузна продавница, што соодејствува на нејзиниот современ и прочистен моден израз. „Сакав простор кој е концептуален, но и стовремено топол и пријатен“, вели Викторија за својата продавница во која може да се најдат колекција на облека, модни детали и веќе познатите чанти.
Нема коментари