• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

Од stylist @StylistMKD · На декември 14, 2020

pokana Allthelove

Од утре, 15 декември во 16 часот, па сè до февруари следната година, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Сета љубов“ (All the Love). Кураторки на поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова.

Музејот е отворен од 10 часот за посетители секој ден, освен понеделник, но поради специфичноста на изложените дела, кураторките сугерираат дека поставката е најдобро да се погледне меѓу 16 и 20 часот, освен недела кога музејот работи до 13 часот.

Поставката ќе се одвива според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија.

Во рамки на изложбата со свои дела, уметнички инсталации и видеа, ќе се претстават 11 уметници од земјава и светски признаени автори, кои денес изложуваат во сите водечки уметнички центри низ светот како Тејт, Бобур, Гугенхајм, Мома Њујорк…

Ќе бидат претставени дела од Кети Чукров (Русија), Хедер Дјуи Хагборг (САД), Коко Фуско (Куба), Карлос Мота (Колумбија), Ширин Нешат (Иран), Агњешка Полска (Полска), Рена Редл и Владан Јеремиќ (Србија), Нора Турато (Хрватска) како и македонските уметници Велимир Жерновски и Никола Узуновски.

Lovesick_Installation_Heather Dewey Harborg

Инсталација Lovesick на Хедер Дјуи Хагборг

-Една од целите на МСУ Скопје е активно да соработува и изложува автори кои денес можат да се видат во сите водечки уметнички центри низ светот и кои се предводници на актуелната уметничка сцена по прашања кои отвораат ангажирани тематики. Темата на која се фокусиравме е особено важна затоа што е поврзана со денешните состојби на несигурност и истовремено бара начини преку различни уметнички медиуми да нè воведе во доживувањето на различното, односно нè насочува кон идејата дека светот може да се доживее од аголот на разновидноста, од перспективата на другиот.

Дискурсот за љубовта, почнувајќи од авангардната и радикална политика од минатиот век, е во центарот на политичките и социјалните промени поттикнати од женските права, правата на ЛГБТ заедницата, различните начини на борби на граѓанското општество. Оттука изложбата се фокусира на дела кои ја манифестираат нејзината способност да се пробие низ најсилните спротивставувања и радикалните поделби – вели кураторскиот тим.

Изложбата „Сета љубов“ ги анализира состојбите на единство и солидарност во локалниот и глобалниот капиталистички контекст. Целта на изложбата е низ анализа на конкретни уметнички практики, да ги истражи етиката, естетиката и политиката на љубов како радикализам.

Поаѓајќи од идејата дека капитализмот неизбежно наметнува потреба од фокусирање на себството (идентитетот), изложбата ги покренува прашањата за можностите на свет создаден и доживеан од перспектива на разликите, а не од перспектива на идентитетот. Од друга страна, додека љубовта се определува преку двојството, политиката се манифестира преку колективното. Следејќи ја дефиницијата според која политиката е колективна, единствениот начин да се воспостави значајна врска меѓу политиката и љубовта е да се размисли за тоа како заедничкиот поредок ќе ја преиспита љубовта и ќе овозможи таа да се создава на нови начини што капитализмот ги оневозможува.

???

Инсталација „Сакај ја иднината“ на Никола Узуновски

Оттука, изложбата покренува прашања во врска со можните изводливи и позитивни алтернативи на дејствување од доменот на заедничкото, на теренот помеѓу политичкото и приватното, со нови видови организации, структури и заедници.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Еуролинк осигурување. Голема благодарност до Музеј на Македонската борба.

Дизајн на постер: Илијана Петрушевска

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics