По примерот на светски позатите музеи кои деновиве понудија виртуелна обиколка на своите колекции, скопскиот Музеј на современата уметност исто така ги отвори вратите за виртуелна прошетка. Како и повеќето институции кај нас, и овој музеј е затворен за јавноста, следејќи ги јавните мерки за намалување на ризиците од ширењето на коронавирусот.
Линкот подолу ќе ве одведе на виртуелна посета на Музејот на современата уметност:
Музејот исто така во минатите денови на своите социјални мрежи ги „прелистува“ делата од својата колекција, преку објавување на фотографија на одредено дело заедно со објаснување на делото и авторот.
Нема коментари