• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
ревии 0

На урбано сафари со креациите на „Алшар“

Од stylist @StylistMKD · На април 1, 2017

alshar (2)

Силвија Михајловска вчеравечер по втор пат се претстави на Моден викенд-Скопје, и ако претходниот пат не прошета до Јапонија, сега нè однесе во Африка на едно урбано модно сафари преку креациите инспирирани од Карен Бликсен, ликот што Мерил Стрип го глуми во филмот „Моја Африка“ (Out of Africa, 1985), во кој костимографката Милена Канонеро дава печат на колонијална Африка.

-Карен е прикажана како борец, голем индивидуалист, истовремено силна и принципиелна личност. Колекцијата ќе го има сенсот на колонијална Африка и претставува современо видување на креациите што ги носи Карен – парчиња инспирирани од сафари стилот. Креациите се со нагласени геометриски и архитектонски форми со изразен волумен и асиметричност – вели дизајнерката.

alshar (4)

Темите на сафари, Африка, савани и пустини често се употребуваат во модата, а дизајнерката во новата колеција за пролет-лето 2017 прави нова современа адаптација на сафари стилот со која допира и на одредени актуелни трендови (голи раменици, лелеави кошули, појаси и корсети, металик, долги впечатливи ракави, панатони со висока половина). Главна улога има новата интерпретација на сафари кошулата со додавање на нови раскршени форми, асиметрични преклопи, за да се добијат мантили, кошула-фустани, елеци, кратки јакни, фустани со деконструирани делови и други облековни изведенки кои атрибутираат на темата. Оттаму централни тонови се оние маслинесто-зелени и бежови нијанси карактеристични за сафари стилот, но дизајнерката додадава и доста жолта, бакарна, сребрена, бела и црна. Колекцијата содржи и долги лелеави здолништа, фустани со корсетирани детали, модели со посвечен призвук, контрастни споеви на покрути со лелеаи и транспарентни материјали, а доминираа копчиња, џебови, додадени елементи на облеката во вид на ленти, тријаголници и други геометриски форми. Комплетното претставување беше надополнето со шминка што реферира по малку на племенската, но повеќе на Тилда Свинтон во сцените како рокенрол ѕвезда во А Bigger Splash, како и со одличниот, специјално за ревијата подготвен DJ сет на Теа Шалдева. (K.T.)

Alshar by Silvija Miha at @fashionweekendskopje #fwsk2017 #alsaratelje #моденвикендскопје

A post shared by stylist.mk (@stylist.mk) on Apr 1, 2017 at 1:47am PDT

alshar (1)

alshar

alshar (3)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • paris-couture-fashion-week-2024 ревии

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

  • dior saint laurent ревии

    ПАРИСКА МОДНА НЕДЕЛА: Едноставна женственост кај Диор, ринтерпретација на сафари естетиката кај Сен Лоран

  • 11 ревии

    Старт на Париската модна недела со ревиите на Диор и Сен Лоран

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics