• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

16. АКТО фесивал на тема „Современи (не)демократии“

Од stylist @StylistMKD · На ноември 2, 2021

AKTO-16-poster

Денеска почнува 16-тото издание на АКТО фестивалот за современи уметности кое ќе се случува во Скопје. Програмата ќе се одвива во текот на ноември и декември под насловот „Современи (не)демократии“ а АКТО после 15 годиниа активна работа прераснува во интердисциплинарна платформа за едукација и продукција на современа уметност.

АКТО во 2021 година отвора двогодишна тема „Современи (не)демократии“ во обид на согледување на процесите на приватизација и отуѓување, кои водат кон разорување на јавното, оневозможувајќи го заедничкото. АКТО ја испитува оваа тема преку примерот на плоштадот како репрезент на современите недемокрациски процеси, кој наместо да биде арена каде што се слуша агонистичка дискусија, на создавање политички субјективитети, тој повеќе стана место на набљудување, на пасивност и молк отколку на јавност или на живот на улица. Па така преку оваа деполитизирана, еродирана и приватизирана платформа, АКТО се обидува да го истражи стеснувањето на јавниот простор кој води до стеснување или намалување на изразувањето на јавното мислење, а со тоа и намалување на демократијата. „Современи (не)демократии“се обидува да одговори на предизвиците, но и препреките во непрепознавањето на недемократиите кои ни се случуваат секојдневно. Дали имаше вистинска дебата на јавните простори во земјава? Или само конфликт кој сè уште трае и се продлабочува? Конфликт што го дели (поларизира) општеството и со тоа го спречува неговиот развој? Што е демократија во денешен контекст и како таа (не) демократија се рефлектираше преку неможноста на раѓањето на агора?

 

ПРОГРАМА

2 ноември (вторник)/ „Македонска пошта“/ 16:30 часот

Јавен перформативен настан произлезен од петдневната интердисциплинарна работилница „Изгубено и најдено“ (28.10.-2.11.) под менторство на Томас Жишка (Прага); Драган Стојчевски (Прага);  Филип Јовановски (Скопје) во соработка на ФР~У/ АКТО со Факултет на драмски уметности – Скопје и Факултет за драмски уметности (ДАМУ) – Прага.

Учесници: студенти по режија и сценографија од ДАМУ, студенти по режија на ФДУ во класата на проф. Зоја Бузалковска, студенти по сликарство на ФЛУ во класата на проф. Слободанка Стевческа: Берта Дубкова, Тереза Досталова, Кристина Кинова, Ана Блаблова, Марианка Бурилова, Шенај Мандрак, Кристијан Атанасов, Иван Вртев, Борис Василевски, Александар Јовановски, Камелија Каламерникова, Илина Василеска.

 

6 ноември (сабота)/ Сала за седници на Општина Центар/ 12 часот

Изложба Современи (не)демократии – Исчезнување на јавниот човек -

Изложба базирана на истражување од Јана Брсакоска, Ивана Васева, Филип Јовановски, Кристијан Караџовски и Наум Трајановски.

Концепт: Ивана Васева, кураторка; Филип Јовановски, визуелен уметник.

 

6 ноември (сабота)/ Сала за седници на Општина Центар/ 13 часот

АКТО АГОРА

Учесниците ќе бидат дополнително објавени.

 

14 ноември (вторник)/ јавен простор (дополнително ќе биде најавен)/ 12 часот

Јавен перформативен настан произлезен од четридневната интердисциплинарна работилница „Слушна реакција на архитектурата“ (10.-14.11.)под менторство на перформанс- колективот ЛИГНА (Оле Фрам и Торстен Михаелсен) (Хамбург)  во соработка на ФР~У/ АКТО со Факултет за драмски уметности – Скопје.

Учесници: студенти по режија на ФДУ, студенти по сликарство на ФЛУ, студенти на Архитектонски факултет.

 

14 ноември (недела)/ „Македонска пошта“ и плоштад „Македонија“/ 12 часот

Перформанс „Дисеминација насекде“ на перформанс-колектив ЛИГНА (Хамбург)

  • Ограничен број на публика

Пријавување на мејл: organizationfru@gmail.com

 

5 декември/ зграда на поранешна месна заедница во Тафталиџе/ 12 часот

Јавен перформативен настан произлезен од четиридневната интердисциплинарна работилница „Изгубени модернистички утопии“(1.-5.12.) под менторство на Миодраг Куч од Институтот за уметност и урбанизам Берлин во соработка на ФР~У/ АКТО со Факултет за драмски уметности – Скопје.

Учесници: студенти по режија на ФДУ, студенти по сликарство на ФЛУ, студенти на Архитектонски факултет.

 

18 декември (сабота)/ Солидарност и уметност / Музеј на современа уметност/ 12 часот

Промоција на книгата „НеУметност. Надвор. Борби. Солидарни уметнички практики на периферијата“

Автори: Валентина Боници, Адела Деметја, Рена Радле, Ивана Васева.

Издавач: ТАЛ – Тирана арт лаб, 2021.

 

 

 

 

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics