Денеска, 20 ноември, во Јавна соба, со почеток во 19 часот, амбасадорот на Финска, Кимо Лахдевирта, ќе ја отвори изложбата „Иновативен фински дизајн“.
Оваа изложба се состои од панели на кои е прикажан креативен пристап во решавањето на сложени технолошки проблеми, од дизајн на информациски и комуникациски технологии, бродоградба, дизајн во здравството, па сè до иновации во индустријата за мебел.
Автор на изложбата е Јарно Пелтонен, поранешен директор на Музејот за дизајн во Хелсинки.
Изложбата „Иновативен фински дизајн“, на која може да се погледнат овие проекти, а и да се научат некои интересни факти за Финска, ќе биде отворена за посетители се до 1 декември, односно до завршувањето на Skopje Design Week.
Нема коментари