• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Утревечер се отвора изложбата „Панта Реи“ на уметникот Бојан Ковски

Од stylist @StylistMKD · На декември 12, 2022

kovski

Утре, 13 декември, во Археолошкиот музеј на Р.С. Македонија ќе биде отворена изложба на Бојан Ковски „Панта Реи“. Официјалното отворање е закажано за 19 часот, а изложбата ќе биде достапна за посетителите до 21 декември.

Бојан Ковски е академски сликар, кој своите студии ги има завршено на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, генерација 2011-2015, под менторство на проф. Антони Мазневски. Во своето портфолио Ковски има неколку самостојни, групни изложби и перформанси. Во неговите дела се изразува со слики масло на платно, како и body paint перформанси.

Оваа изложба Ковски ја работеше инспириран од неговиот живот поврзан со водата како главен извор на живот за сите нас, а во неа ќе бидат вклучени 12 дела масло на платно.

Во претстојната изложба, Ковски ја разработува формата на човечкото тело и природата, коишто претставуваат константен тек и перцепција на човечката визуелизација.

Во продолжение прочитајте го кураторскиот текст од Анжелика Апсис:

„Мојата драга Дијана Томиќ Радевска, исклучителна уметница која многу ја ценам, веќе ги постави темелите на оваа изложба на кои јас само ќе се надоврзам.

Бојан Ковски го познавам токму од оној момент кога почна да се оформува како сликар. Во „Дамар“. Местото кое беше втора кожа на многу уметници, писатели, режисери, музичари, активисти и многу други. Место кое се обидуваше да ги зачува сите оние вредности кои исчезнуваа пред нас.

Сработеното најдобро се брани без посредници, со самото постоење. Бојан Ковски е уметник чие творештво се стреми во нагорна линија. Неговиот опус е во процес. Едно дело се надоврзува на друго. Сложена е и специфична структуратата на овие уметнички дела во нивниот целосен изглед. Тој ја одбира водата како еден од четирите основни елементи на планетата Земја. Водата иако е една од најпроучуваните супстанции, таа сепак е најмалку разбрана. „Ништо не е толку сложено како нејзиното однесување“ – Џон Емсли. Во неа телата ги истегнува до крајни граници. До неспоивото! Божествена елеганција и крајна експресивност. Тие скоро секогаш како да се подаваат, како да посегнуваат по нешто кое за нас ќе остане засекогаш скриено. Ова е негов втор циклус – само насловот останува ист. Сè тече. Во него водата станува бистра, брановите се нежни, не заканувачки. Прегратката го одзема здивот. Таа е можеби најважното нешто по кое сите трагаме. Фигурите се со затворени очи како во плодова вода. Сигурни и слободни. Нивната убавина им е вродена тие не се набљудуваат себе си. Тие немаат потреба од ниту еден друг свет. Се додека во еден апокалиптичен момент, но овојпат толкуван според старогорчкиот збор (грч. Ἀποκάλυψιςapokálypsis подигање на велот) симнување на велот и гледање со вистински очи. Едната фигура ги отвара очите и во крајно задоволство ја набљудува својата дланка. Бојан Ковски е силен во бојата. Тие нежни бранови во кои сакате да продрете со својата дланка. Тие беспрекорни тела… Постојано имате чувство дека сте сред нешто што допрво треба да се случи.

Сликите се поставени во движење. Во овој втор циклус уметникот нè пушта во неговиот свет, каде сè се движи, сè се менува. Сликте се вртат во 360’ но прегратката останува силна. И колку и да сакаме нашата критика на овие дела да биде објективна таа сепак се сведува на нашето лично видување на нештата. Таму каде што ние се пронаоѓаме.

Овој мој текст ќе го завршам со цитат од драгата Дијана Томиќ Радевска: „Сè тече, низ промените на нашиот краток живот, сè се менува, уметноста останува истражувачки запис на едно време, на едно доба, а времето е толку кратко.“

Неизмерна чест ми е да Ве поканам заедно да ја проследиме оваа неверојатна приказна, во разбранетата галерија во срцето на градот“.

Бојан Ковскиизложбауметност
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ културен водич

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

  • ??????????????????????? културен водич

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

  • zizel културен водич

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics