• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
музика 0

Целовечерно музичко патување со младата вокалистка Натали Зарин во „Станица 26“

Од stylist @StylistMKD · На март 22, 2023

Рапсодија 26

По настапите во САД и Франција уникатно музичко патување со младата вокалистка Натали Зарин во „Станица 26“

На 28 март (вторник), со почеток во 21 часот, на сцената во ноќниот клуб „Станица 26“ за првпат ќе настапи младата вокалистка Натали Зарин. Ова уникатно целовечерно музичко изненадување насловено „Рапсодија 26“ е замислено како фузија на различни музички жанрови и звуци, повеќе и помалку познати на нашата сцена, обоени со иновативен призвук.

-Овој музички проект нуди свеж и препознатлив звук, кој ги спојува елементите на поп, соул, електроника и денс музика. Креираме оригинални аранжмани на веќе познати мелодии, преработени во уникатен стил и создаваме нов звук. Така, се обидуваме да допреме до публиката и да создадеме едно ново и незаборавно искуство. Нашата музика е спој на различни жанрови, кои ги рушат конвенционалните граници.“, вели Зарин, која на сцената ќе настапи со поддршка на музичарите: Никола Бочваров на бас гитара, Александар Ванчовски на тапани, Петар Лукиќ, клавијатури и Иван Петровски – гитара.

Музичкото патување ќе биде отворено со оригинална музика од Авиа (интрументална верзија). Прв акт: „Габриел“, потоа, следуваат изведби на песните: „Чувствувам љубов“, „Засекогаш повеќе“, “Треска”, „Роден да умре”, „Во состојба на интоксикација”. По интермецото со Париз од Авиа (инструментална верзија), следува втор акт: „Панаме“ и песните: „Не плачи за мене Аргентина”, „Прекрасниот остров”, „Боем“, „Тебе ти е редот“, „Повлечи се” и „Ми недостасуваш”. И трет акт „26“ и мелодиите: „Подготвен или не/не сакам да знам“, „Чекори една миља во моите чевли”, „Ќе преживеам” и „Не е во ред, но добро е”.

Натали е ново име на македонската музичка сцена, а вокалната техника ја образува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професор Борис Трајанов.

Во 2018 и 2019 година се има доусовршувано на приватниот истражувачки универзитет – Музичкиот конзерваториум „The New School“ во Њујорк. Претходно има посетувано и часови по глума во Студиото на Ивана Чабак во Лос Анџелес (2016/2017).

Минатата година, за време на нејзиниот престој во Париз, Франција, има настапувано во клубот „Le Piaf“ и во прославениот кабаре бар „Boeuf Sur le Toit“.

Во Соединетите Американски Држави досега имала неколку настапи во живо помеѓу кои во „Town Hall Ptown“, „Tin Pan Alley late night show“ и на „Училишна ноќ“ во Лос Анџелес.

Досега има настапувано и со оркестарот на Национална опера и балет во Скопје.

Натали цели кон поместување на границите на музиката и кон ослободувње на традиционалните жанровски дефиниции, при тоа, создавајќи свежо и возбудливо музичко искуство. Таа не се потпира на своите ловорики и не игра на сигурно – наместо тоа, се движи кон нови предизвици и пробива нови терени на непозната територија.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1hugel музика

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

  • pmg музика

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

  • milko музика

    Инди-рок бендот „Милко“ се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник”

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics