САЕМОТ НА МЕБЕЛ Е ПРВ ОД ТРИТЕ ПРОЛЕТНИ САЕМИ ШТО ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ВО КОМПЛЕКСОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ
“Саем на мебел“ ќе се одржи од 29.март до 2 април во комплексот „Борис Трајковски“. Саемот ќе го користи целокупниот внатрешен затворен капацитет, како и монтажни објекти кои ги задоволуваат критериумите на саемско претставување. Просторот ќе биде соодветно адаптиран по највисоки стандарди.
Саемското претставување ќе трае 5 дена, на кое се очекува бројни домашни производители на мебел да ги претстават своите најнови изданија, како и интернационални брендови, кои се присутни на пазарот преку нивните застапници.
„Саемот на мебел“ е една од најатрактивните манифестации поради концептот сè на едно место и поради оригиналните идеи за уредување на домот.
Скопски саем ги најавува и следните два саеми во пролет:
“Саем на книга” исто така ќе се одржи во пролетниот термин од 04 до 10 мај 2023 и ќе го одбележи својот 35-ти јубилеј на одржување.
Во периодот од 7 до 9 јуни 2023 ќе се одржи и “Саемот на транспорт” каде ќе бидат претставени товарни и комерцијални возила пред деловната публика.
Нема коментари