• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Активистички говори, млади бендови и креативни работилници на ENGAGE 2023

Од stylist @StylistMKD · На јуни 7, 2023

Engage 2023

Младински образовен форум и Радио МОФ на 9-ти јуни 2023 година во Младински културен центар (МКЦ), со почеток во 13 часот, го организираат дванаесеттото издание на настанот за социјален активизам ENGAGE.

Присутните ќе можат да слушнат инспиративни говори од домашни и странски активисти за друштвените мрежи како средство за промени, поезијата како отпор против патријархалните норми, за тоа како младите уметници се борат против скептицизмот, но и за правата на текстилните работнички.

Исто така, дел од говорниците ќе се осврнат и на „Мое здравје“ – гласот на лицата со оштетен слух, други ќе зборуваат за генерацијата Зет и нивната моќ да го трансформираат активизмот и прават поинклузивен свет, а ќе бидат отворени прашања и за родовата еднаквост во 21 век.

Учесници на ENGAGE ќе бидат активистката Kристина Ампева од „Гласен текстилец“, Нина Павичевиќ од Црна Гора, комуниколог и креатор на @kriticki, Леон Шумански од „Гола планина колектив“, потоа Викторија Хамет од САД, од организацијата Gen-Z for Change, Гералдина Гуера Гарсес од Еквадор, од фондацијата АЛДЕА, исто така Христина Божиновска Ѓикова од здружението „Млад знак“, но и активистката Аделина Тершани од Косово, која ќе има и своја изведба на слем поезија.

Овогодинешниот настан ќе биде поделен во 3 дела:

ENGAGE THE STAGE – Каде ќе имате можност да слушнете домашни и меѓународни говорници кои ќе го пренесат нивното искуство на темите: родова еднаквост, животна средина, човекови права, граѓански иницијативи и музика;
ENGAGE THE WORKSHOPS – Каде ќе можете да се вклучите во една од креативните работилници за реупотреба на стара облека со техника на сито принт, техники за справување со стрес и дишење и како да преживеете на планина и
ENGAGE THE NIGHT – Каде ќе може да ги слушнеме и забавуваме со бендови од младата генерација дел од Гола Планина колективот до полноќ.

ENGAGE: The Stage ќе трае помеѓу 14 и 18 часот, а во истиот временски интервал ќе се случуваат и ENGAGE: The Workshops на Партизанска Штампа „Сито печат и реупотреблив дизајн: неограничен креативен потенцијал“, Си Фу Предраг Петрески „Како да го надминете стресот со правилно дишење“ и ПК Македон „Планинарење 101: Основи за успешни планинарски авантури“.

На ENGAGE: The Night, гостите ќе имаат можност да се забавуваат со бендовите: КЕМ, Zanadu, The Ooz, Niandra, Sivert и Rend.

Инаку, ENGAGE е единствениот собир за социјален активизам во Северна Македонија. Веќе 11 години домашни и странски активисти споделуваат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, култура, социјална промена, човекови права, дигитална демократија, слобода на говор, активизам и медиуми.

Преку ENGAGE, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн, така и во физичкиот простор. Со програмата, ENGAGE обезбедува едукација, интеракција и инспирација за индивидуи, групи и организации чија цел е да го подобрат општеството во кое живееме.

Повеќе информации за ENGAGE 2023 може да дознаете овде. Настанот е бесплатен, а вашето присуство може да го најавите на Регистрацијата достапна на овој линк.

Настанот е поддржан од National Endowment for Democracy.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics