• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
музика 0

Пијанистот Дино Имери со концерт го прославува својот 10-годишен јубилеј

Од stylist @StylistMKD · На декември 5, 2018

Dino IMeri post 2

На 11 декември во големата сала на Македонската филхармонија, нашиот пијанист Дино Имери ќе одбележи значаен јубилеј – 10 години уметничка кариера

Специјални гости на концертот ќе бидат Влатко Стефановски, Благој Нацоски,Камерниот оркестар на МММ и Дијана Имери Илкоска како диригент, Бојан Илкоски, Марија Јакимовска, Богдана Бушевска, Биљана Јосифов, Инес Неделковска, Ади Имери и Ивана Коцевска а водител ќе биде ЈанаСерафимовска.

На концертот ќе бидат изведени дела од класичниот репертоар како Равел, Пјацола, Дворжак, Доплер, но и авторската композиција на Имери “Сон” напишана за Благој Нацоски, дело од Дамир Имери, како и многу други специјални изненадувања.

- Програмата е конципирана така да ја прикаже разноликоста на мојата дејност низ овие десетина години, а со тоа да биде и допадлива на присутната публика. Секој гостин си носи свој различен печат, како и своја историја во взаемната соработка со мене. Чест ми е што ќе ја делам сцената со овие врвни уметници и што сите без исклучок со задоволство ја прифатија мојата покана„ – вели Дино Имери.

Инаку, Дино Имери (1990) се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари. Своето образование го стекнува работејќи со проф. Људмила Романова и проф. Борис Романов (во чија класа и дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје со Cum Laude), како и со проф. Симон Трпчески, во чија класа магистрира на само 22-годишна возраст со просек 10 и со почести Cum Laude. Во својата досегашна дејност, Имери имал многубројни настапи во Македонија, но и во странство: Загреб (отворање на циклус „Пијанофортисимо“, спектакуларен концерт што поминува со 4 биса по редовната програма), со Стразбуршкиот филхармониски оркестар (француска премиера на Концертот за пијано и оркестар од Дамир Имери), со Софискиот филхармониски оркестар (со изведба на Концертот бр. 3 од Сергеј Рахмањинов), на фестивали во Франција, Приштина, Австрија…

Дино Имери се вбројува во десетте најдобри европски пијанисти според ранг-листата на Третиот европски пијано-натпревар одржан во Нормандија, Франција, а еднакво успешен во својата родна земја, во 2013 година се здобива со највисокото домашно признание за класична музика – наградата „Виртуози“ во категоријата „Млад музички уметник“.

Во 2015 година го добива признанието Лауреат на Фондацијата „Томислав Зографски“, доделена од истоимената фондација за промоција на
македонските композитори во земјата и во странство. Во 2010 година, Дино Имери потпиша двегодишен договор со Европската пијано-програма – проект што му ги отвори интернационалните сцени во Франција, Австрија, Полска… Во 2013 година го издава своето прво ДВД-издание со музика од Хајдн, Бетовен, Лист и Брамс, во соработка со оркестарот „Фејмс“ за снимање филмска музика.

Во 2015 година бележи големи меѓународни успеси, меѓу кои и неговото деби со Софискиот филхармониски оркестар што резултира со покана за настап повторно со истиот оркестар истата година. Во 2015 година, Имери првпат настапува со Македонската опера и балет во балетската претстава „Огнени градини“ под диригентство на Јозеп Вицент и Бисера Чадловска, а во кореографија на Xејмс Амар. Редовно одржува рецитали, а е активен и во камерната музика настапувајќи со разновидни камерни ансамбли.

Дино Имери остварува бројни соработки и со Македонската филхармонија, меѓу кои и настапот на свечениот концерт за отворање на сезоната годинава, на кој младиот пијанист пред илјадната публика го изведе Концертот бр.1 за пијано и оркестар од П. И. Чајковски, изведба за која домашната критика се изрази во суперлативи („Генијална беше оваа солистичка изведба на концертот од Чајковски“ – Ангелина Димоска, „Нова Македонија“; или пак „Со овој настап солистот докажа дека веќе не е млад и ветувачки пијанист, туку созреан и докажан виртуоз кој го очекува меѓународна кариера“ – Журнал).

Концертот е со почеток во 20 часот а влезниците можат да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, Југотон, билетарата на Македонска Филхармонија како и онлајн на www.kupikartizase.com. Концертот е поддржани од Министерството за култура на Република
Македонија.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • underfest1 музика

    Скопје во 2019 добива нов урбан фестивал – Underfest

  • fot музика

    Македонски Телеком овозможи технолошки напредно, волшебно музичко патување со наслов „Звуците на Скопје” во рамките на „Скопје Џез фестивал“

  • Altaj Shaban od Qatar Airways i Filip Dimishkovski музика

    Филип Димишковски доби признание од „Катар ервејс“ за најдобар млад џез-музичар

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • Double Tree by Hilton - Skopje 010

    Roof Bar 55 на „Хилтон“ – гастрономско уживање со софистициран панорамски поглед

Модна азбука

  • КАФТАН-долга горна облека без крој

    април 28, 2016

Видео

  • 7f5e1130-1825-4fab-9f3b-b1cec7b3f598_783011_tablet_landscape_large_16_9

    Денеска ги слушаме Hooverphonic

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 4

    Микеле за „Гучи“: Облеката е наша маска која и открива и покрива

    февруари 21, 2019
  • 1

    Стилска инспирација од улиците на Лондон

    февруари 21, 2019
  • arijana koskarova forbes (1)

    Македонката најдобро облечена на Forbes наградите во Лондон

    февруари 21, 2019
  • rosica mrsik (2)

    Stock Sale во ателјето на Росица Мршиќ

    февруари 20, 2019
  • 2

    Каков фустан да изберете за да го сокриете стомакот

    февруари 20, 2019

Убавина

  • 1

    BEAUTY BOX: Нови пудри на Guerlain, La Mer и Dior

    февруари 18, 2019
  • 61Up_for_Everything-matas_1060

    Новата M.A.C. Up For Everything Mascara совршено ги витка и издолжува трепките

    февруари 15, 2019
  • oriflame protiv brcki (3)

    Како за кратко време до блескава кожа без брчки

    февруари 15, 2019
  • vday-fragrance

    Романтични парфеми за неа и за него

    февруари 13, 2019
  • CAMILA COELHO

    MAKE UP TUTORIALS: Шминкерите предлагаат изглед за Свети Валентин

    февруари 11, 2019

Живот

  • 1

    Студиото на Заха Хадид креира вазни за Rosenthal

    февруари 15, 2019
  • Uchenicite vo uchilishteto Nova

    Канадскиот премиер Џастин Трудо се допишува за климатските промени со македонски ученици

    февруари 8, 2019
  • MAR_4366

    Fit Family предизвик – вежбајте и слабејте заедно со познатите во #30dayschallange

    февруари 6, 2019
  • Мастер шефот Марк де Јонг со курс за готвење во „Јавна соба“

    јануари 28, 2019
  • image2

    Huawei го претстави новиот P Smart 2019 на специјален настан во Скопје

    јануари 24, 2019

Култура

  • 633275c4-37be-4397-aafc-c2edccc19b00

    „Медена земја“ по триумфот на „Санденс“ ќе се прикажува во кината во САД и на „МакеДокс“

    февруари 18, 2019
  • IMG-18a36f61e7533631e78e3c92ba963a30-V

    Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ со две престижни награди на Берлинале

    февруари 17, 2019
  • EFOC_YEH_A3

    Изложба на дела од работилницата “Емоции за еден град” – изложба за подобро утре

    февруари 11, 2019
  • 3 Roma-The-Favourite

    BAFTA 2019: „Рома“ најдобар филм, седум награди за „Миленичка“

    февруари 11, 2019
  • 2 (1)

    Две недели џез во „Бруклински“

    февруари 6, 2019

Тагови

FWSK Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонски дизајнери модна ревија накит насловна страница пролет-лето 2015 рекламна кампања улична мода
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics