• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
уметност 0

Промоција на списанието „Големото стакло“ во Музејот на современата уметност

Од stylist @StylistMKD · На февруари 5, 2019

msu

Списанието „Големото стакло“ односно (‘The Large Glass’) ќе ја има својата официјална промоција на 5 февруари 2019, вторник, во 20:30 часот во Музејот на современата уметност – Скопје.

Списанието „Големото стакло“ за прв пат е издадено во 1995 година и публикувано во 24 броеви до 2009 година. Неговото повторно издавање како ново списание е на крајот на 2018 година. Списанието е конципирано во тематски целини кои ги адресираат ангажираните уметнички практики и нивната поврзаност со политичката имагинација како и визуелните методологии кои уметниците ги користат и кои можат да бидат податливи во конкретни правни процеси.

Меѓудругото, списанието содржи ексклузивно интервју со еден од најпознатите современи уметници и дисиденти Аи Вејвеј, потоа извештаи придружени со фотографии и анимации на колективот ‘Форензичка архитектура‘, колектив кој беше номиниран за наградата Тарнер во 2018 година; Текст и интервју со Грант Кестер, еминентен професор по историја на уметноста на Универзитетот Калифорнија; како и други содржини кои би можеле да бидат од интерес за пошироката јавност.

„Повторното издавање на списанието во 2018, сега ‘Тhe Large Glass’ со нов концепт, како списание за современа уметност култура и теорија, означува нов почеток. Издавањето на англиски јазик овозможува Музејот на современата уметност да соработува интензивно со меѓународни автори, како и други културни, уметнички и академски центри и институции“, вели Тихомир Топузовски, новиот главен уредник на списанието.

Промоцијата е отворена за сите и ќе биде проследена со коктел и дружба со уредничката екипа, како и тимот на МСУ Скопје.

Овој настан воедно ќе го означи и почетокот на новата програмска сезона на музејот која се одвива под мотото #ОтворенМузеј, #МузејЗаСите.

Директорката на Музејот на современата уметност, Мира Гаќина најавува возбудлива сезона нагласувајќи дека „Главното мото ги одразува вредностите на МСУ кои подразбираат вклучување на граѓаните во работата на музејот без оглед на нивните економски, социјални и културни разлики. Следствено, МСУ ќе реализира различни програми и начини на претставување во текот на 2019 кои го рефлектираат наведеното, вклучувајќи изложби, публикации, предавања, филмови и резиденции. Во продолжение, дел од истражувачките и музеолошки програми ќе се насочат кон колекцијата која МСУ ја поседува.“

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ПОЗИВ уметност

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

  • msu уметност

    „МСУ – Скопје ремек дела за сите“, единствен македонски проект избран од „Фондот за културно наследство Хедли за Југоисточна Европа“

  • Prague-1 уметност

    По Кунстхале Виена, изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје” се отвора во Прага

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics