• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

„Прес ту егзит“ организира Меѓународен симпозиум и изложба во МСУ

Од stylist @StylistMKD · На мај 27, 2019
Дел од спасените документи - Кензо Танге во Скопје

Кензо Танге во Скопје – дел од спасените документи

Еј, што имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор 

Здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектен простор Прес ту егзит“ од Скопје е организатор и домаќин на Меѓународен симпозиум, кој во Музејот на современата уметност ќе се одржи на 31 мај и 1 јуни.

Наслов на симпозиумот е „Еј, што имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор“. Покрај симпозиумот ќе биде отворена и изложба, која ќе биде достапна за јавноста од 31 мај до 7 јуни 2019 во МСУ.

Потребата да се реализира еден ваков симпозиум во Скопје, уметниците Јане Чаловски и Христина Иваноска од „Прес ту егзит“ причините ги бараат во инцидентот од 21 април 2017 година, кога пожар го уништи Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје. Лоциран во неколку бараки од 60-тите години, во Заводот беше сместена архивата за реконструкцијата на пост-земјотресно Скопје (1963). Архивата на заводот, која содржеше планови, меморандуми, извештаи, брошури, книги, урбанистички студии и макети значајни за македонскиот идентитет, веќе лошо оштетена од пламен, чад и вода, беше оставена во руините на заводот и изложена на случајните минувачи.

????????

Дел од спасените документи за старо Скопје

-Неколку недели по пожарот, за време на одржување на 6. Меѓународен симпозиум „Кураторски размени: Простори, функции фикции и други заеднички именители“, тимот на Проектниот простор Прес ту егзит, заедно со локални и меѓународни уметници, а со поддршка на значајни институции и асоцијации како Државниот архив на РМ, Музеј на град Скопје и Асоцијација на архитекти, организиравме акција за расчистување и заштитување на дел од документите ипредметите од понатамошна штета. Овој гест и собраните документи ќе бидат појдовна точка за македонската програма во рамки на симпозиумот - велат меѓународно признаените уметници Чаловски и Иваноска.

????????

Дел од спасените материјали од Заводот за урбанизам

Преку овој јавен настан ќе се реанимира прашањето за нашиот однос кон незаштитеното модернистичко културно наследство, особено во однос на современото Скопје (пост „Скопје 2014”) и општествената употреба на просторот. Ќе се разговара и за недостатокот од достапна, кохерентна и јавна архивна материј а по прашањето за културолошкото значење на Мастер планот за Скопје и како да се архивираат преостанатите спомени од материјалната модернистичка култура на градот, и за поимот „архивизам” како обединувачки концепт за архивистичка систематизација на документи вклучително и чинот на граѓанска свесност и учество во процесот на ескавација и истражување на документи најдени во јавен простор.

????????

После пожарот во Заводот за урбанизам што се случи на 21 април 2017 година

Во Скопје пристигнуваат истакнати куратори, директори на институции од музејската дејност и уметници како: Сабина Саболовиќ – членка на кураторскиот колектив од Хрватска What, How & for Whom/WHW, која ќе зборува за кураторскиот пристап кон архивата како нешто што оди подалеку од ригорозната или научна дефиниција. Илустрираното предавање на Чарлс Еше – директор на Ван Абе музеот од Ајндховен ќе се фокусира на музејот и употребата на музејските збирки, документација, спомени и односи во создавање на специфични изложби и истражувачки проекти. Себастиан Цихочки – заменик директор на Музејот на модерна уметност во Варшава, во својата презентацијата ќе зборува за експериментот Бродно Биенале (Варшава, 2018).

????????

Една од мапите за прелиминарниот мастер план на Скопје 1971

????????

Извештај од поплавата на Скопје во 1962 година

Во рамките на настанот ќе биде отворена и изложба на уметниците Антонис Питас од Холандија, Тјаша Калкан од Хрватска и Јане Чаловски, курирана од Јованка Попова, како и изложба на дел од материјалите од опожарениот Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје. Свои панели ќе имаат и претставници од партнерските организации на Прес то егзит како: Наташа Бодрожиќ (Слободне Везе, Загреб), која ќе ја претстави и книгата „Потрошувачка култура на Социјалистичка Југославија“ и Марјока де Греф иАнастасија Пандиловска (Санс анд Старс, Амстердам).

„Еј, што имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор“ е дел од двогодишниот меѓународен проект „Взаемно поле на културна меморија“ финансиски  поддржан од Креативна Европа – Програмата за културно наследство 2018 година. Дополнителна подршка за програмата во Скопје е добиена од Министерство за култура на Република Северна Македонија, Фондација за уметнички иницијативи од Њујорк и Фондот Мондријан од Амстердам.

Јане ЧаловскиЕјПрес ту егзитсимпозиумСкопјеХристина Иваноскашто имаме да изгубиме? Архивирањето како колективен чин на отпор
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • DMF_2021 културен водич

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

  • photo izlozba културен водич

    FLUX IDENTITY, современата уметничка сцена на Канада во дијалог со уметниците од Република Северна Македонија во Чифте амам

  • cepenkov културен водич

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Белата облека најсовршена во пролетно-летните денови

    април 16, 2021
  • Annabel-Rosendahl

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Стилски идеи за променливо априлско време

    април 16, 2021
  • gucci aria (4)

    Gucci Aria – Гучи слави 100 години со ревија и кобрендирани креации со Баленсијага

    април 16, 2021
  • kopenhagen

    Инстаграм профил посветен на живописниот уличен стил на Копенхаген

    април 15, 2021
  • DIOR

    [ВИДЕО] Ревија на Dior во Шангај

    април 15, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics